Столтенберг го имаше првиот телефонски разговор со Бајден

61

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг телефонски разговарал во понеделникот со Џозеф Бајден кој го очекува официјалното потврдување на неговата победа на американските претседателски избори, првпат по објавата за победата на демократскиот кандидат, и му честитал на победата.

Столтенберг на Бајден, покрај честитката на изборната победа и „му се заблагодарил што целото време бил поддржувач на НАТО и на трансатлантските односи“, се наведува во соопштениетон на Алијансата објавена во понеделникто вечерта.

Покрај тоа, Столтенберг на Бајден би соопштил дека се радува на „идната многу тесна соработка на дополнителното јакнење на врските меѓи Северна Америка и Европа и подготовките на самитот на челниците на НАТО следната година“.

Столтенберг всушност уште на 7-ми ноември му ја честиташе победата на Бајден на американските претседателски избори, ситовремено  порачувајќи дека сега Алијансата и САД заеднички ќе се спритистават на многу закани, меѓу кои го истакна Русија и Кина. Челникот на НАТО и во таа објава и во денешниот резговор алудира меѓу редови на критиките на сѐ уште актуелниот американски претседател Доналд Трамп на европските сојузници за нивното недоволно вложување на колективната одбрана и затегнатите односи со нив, па дури и заканата дека ќе ги повлече САД од НАТО.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.