Столтенберг именуваше советодавен тим за јакнење на политичката димензија на НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, именуваше во вторникот група од десет експерти којашто ќе го советува во осмислувањето на јакнењето на политичката димензија на северонатлатнскиот воен сојуз.

Во оваа советодавна група се вклучени пет жени и пет мажи. Копретседатели на групата ќе бидат поранешниот германски министер за внатрешни работи и за одбрана Томас де Мезиер, и помошникот на американскиот државен секретар за европски и евроазиски прашања, Вес Мичел.

„Составот на групата ја зема предвид родовата рамнотежа, релевантното искуство и географската дистрибуција на сојузниците“, се истакнува во соопштението.

Во соопштението на НАТО, исто така, се наведува дека групата ќе предлага препораки за јакнење на единството на Алијансата, ќе ги зајакне политичките консултаии и координацијата меѓу сојузниците, како и дека ќе ја зајакне политичката улога на НАТО.

Покрај Мезиер и Мичел, членови на советодаваната група се и поранешната канадска советничка за национална безбедност Грета Босенмаер, данската експертка за безбедност Ања Далгаард-Нилсен, поранешниот француски министер за надворешни работи Убер Ведрен, поранешната заменичка на италијанскиот министер за одбрана Марта Дасу, претседателката на управата на холандската пошта PostNL, Херна Верхаген, поранешната полска министерка за надворешни работи Ана Фотига, турскиот дипломат поранешен помошник на генералниот секретарт на НАТО за јавна дипломатија, Таџан Илдем, и бротанскиот професор по историја и надворешна политика Џон Бив.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.