Столтенберг ја повикува Русија на усогласување со договорот за нуклеарните проектили

© AFP 2018 / Emmanuel Dunand

Рускиот развој на нови проектили претставува опасност во Европа за клучниот договор кој беше заслужен за крајот на Студената војна, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на прес-конференцијата во вторникот во Норвешка, при што додаде дека Алијансата ќе избегнува конфликт и нова трка во вооружувањето со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп најави во саботата на 20-ти октомври дека САД предвидуваат излегување од Договорот за елиминација на проектилите со среден и мал дострел (INF – Intermediate Nuclear Forces Treaty) кој во 1987 година го потпишаа тогашните лидери американскиот и последниот советски челник, Роналд Реган и Михаил Горбачев. Договорот INF беше потпишан на 8-ми декември 1987 година, а стапи на сила на 1-ви јуни 1988 година. Со него се опфатени распоредените и нераспоредените проектили со помал дострел, од 500 до 1.000 километри, и со среден дострел, од 1.000 до 5.500 километри.

„Преблемот е во развојот на новите руски проектили. Веќе нема нови американски проектили во Европа, но затоа има повќе руски кои можат да понесат нуклеарни глави и таквите проектили го доведуваат во опаснот договорот INF… Поради тоа ја повикуваме Русија да го обезбеди целосното и транспарентно почитување на договорот“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој престојува во родната Норвешка каде што се одвива воената вежба „Trident Juncture-2018“, најголемата на Алијансата на европска почва по завршувањето на Студената војна.

Притоа Столтенберг, отворајќи го Денот на почесните гости во рамките на вежбите, рече дека НАТО ќе избегнува секакви опасни ситуации во врска со најавените лансирања проектили во Норвешкото Море во зоната блиска на воените маневри.

„Овие лансирање се многу вообичаена работа. НАТО ќе избегне какви и да се оапсни ситуации, ние не гледаме проблем доколку активносите на Русија бидат професионални“, додаде Столтенберг.

НАТО очекува, продолжи генералниот секретар на прес-конференцијата којашто беше пренесувана на сајтот на Алијансата, дека руските вежби нема да се мешаат со натовските маневри.

„Очекуваме дека лансирањата од Русија да не влијаат на кој и да е начин на нашите вежби. Тие ги спроведуваат во меѓународните води и за тоа ја известија Норвешка“, рече Столтенберг.

Маневрите „Trident Juncture 2018“ не го враќаат НАТО во состојбата на студена војна, и севернозападната алијанса смета дека нивото на конфронтација денес е пониска, истакна меѓу другото нејзиниот прв човек.

„Не сметаме дека нашите маневри претставуваат враќање на Студената војна. Денес ситуацијата во Европа е сосема поинаква со многу пониско ниво на конфронтации, но со високо ниво на непредвидливост“, посочи Столтенберг.

„Во годините на Студената војна во Европа имаше стотици парчиња нуклеарно оружје, огромни сили во состојба на готовност. Сега ситуацијата во сферата на безбедност е сосема поиканва. Степенот на конфронтации е многу понизок, но постои висок степен на непредвидливост, се користат хибридни методи, има мешање во работите на суверени држави“, истакнува челникот на НАТО.

Столтенбер, исто така, потенцираше дека Алијансата нема да да влезе во нова трка во вооружувањето. „Ние не сакаме трка во вооружувањето, па поради тоа треба да ги подобруваме односите со Русија“, додаде.

Според Столтенберг, Алијансата на вежбата „Trident Juncture 2018“ гледа „како на средство за одвраќање од конфликт, а не како на средство за разгорување на конликт“. Додаде, дека овие маневри мора да ја демонстрираат решителност и подготвеноста на НАТО во одбраната „со цел да го воздржи потенцијалниот агресор да направи грешка во просудувањето и обид за воена агресија против земјите членки на НАТО“.