Столтенберг нов шеф на НАТО?

Поранешниот премиер на Норвешка, Јенс Столтенберг, ќе биде новиот генерален секретар на НАТО, пренесе норвешкиот дневник „Афтенпостен“.

Норвешкиот дневник тврди дека кандидатурата на Столтенберг наишла на поддршка од најголемите земји членки на НАТО- САД, Германија, Велика Британија и Франција и дека именување се очекува на состанокот на министри за надворешни работи на земјите членки на НАТО кој што ќе биде одржан следната недела.

Весникот наведува дека процесот на именување на Столтенберг се’ уште не е формално комплетиран.