Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг објави во понеделникот дека во телефонскиот разговор на македонскиот премиер на заминување Зоран Заев му порачал дека процесот на влегување на земјата во Алијансата се одвива според планот, откако Севетот на Европа минатата седмица одби да ги отпочне пристапните преговори за влез во Европската унија.
„Добар телефонски разговор со премиерот Заев за да ја потврдам доследноста на НАТО на пристапувањето на Северна Македонија. Процесот на ратификација оди по планот и се радувам на брзото членство на Северна Македонија на нашата Алијанса“, напиша Столтенберг на својот профил на Twitter.
Досега протоколот за пристапување на Македонија го ратификуваа 24 од 29-те членки на НАТО, а земјата најрано ќе може да стане полноправравна членка поради парламентарните избори во Шпанија закажани за 10-ти ноември, во првиот квартал од наредната година.
Разговорот на Заев и Столтенберг следепе откако членките на ЕУ не усепаја да постигнат согласност за отворање на пристапните преговори со Македониа и Албанијам, најмногу по инсистирањето на францускиот претседател Емануел Макрон кој бараше ревидирање на преговарачкиот процес и воопшто прво да се заврши процесот на реформи во Унијата.
Поради тоа, Заев предложи распишување предвремени парламентарни избори што челниците на другите партии во неделата на средбата кај шефот на државата Стево Пендаровски го прифатија и го одредијат датумот на 12-ти април.
Good phone call with PM @Zoran_Zaev to reaffirm #NATO’s commitment to North Macedonia’s accession. The ratification process is well on track & I look forward to North Macedonia joining our Alliance soon.
— Jens Stoltenberg (@jensstoltenberg) October 21, 2019