Столтенберг: Односите со Русија на најниската точка, Кина претставува предизвик

REUTERS/Francois Lenoir

Односите на НАТО со Русија се на најниското ниво од крајот на Студената војна, а подемот на Кина претставува безбедносни предизвици за Алијансата, изјави во понеделникот пред почетокот на средбата на врвот на 30-те членки, генералниот секретар на пактот Јенс Столтенберг.

„Нашите односи со Русија ќе бидат меѓу централните теми на самитот. Односите поради агресивните потези на Русија се на најниската точка од крајот на Студената војна“, рече Столтенберг.

Истакна дека НАТО и натаму ќе го задржи ткн Дволентниот пристап со Русија. Од една страна тоа значи да се јакнат одбранмените способности, а од друга да ја остави отворената врата за дијалог.

„Дијалогот не е знак на слабоста“, оцени Столтенберг.

Зборувајќи за Кина, Столтенберг рече дека нејзиниот економски, политички и воен подем претставува безбедносни предизвици, иако Кина не е непријател.

„Знаеме дека Кина не ги споделува нашите вредности. Ние мораме заедно како Алијанса да одговориме. Кина ни се приближува, масивно инвестира во Африка и во нашата критична инфраструктура“, рече Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО додаде дека со Кина нема да има нова „студена војна“.

„Кина не е нашиот противник, непријател. Нема да има нова студена војна со Кина. Ние мораме да се прилагодиме на бројните предизвици кои ги претставува Кина“, рече Столтенберг.

Челниците на 30-те земји членки на НАТО во понеделникот на еднодневниот самит ќе донесат одлуки за реформи на Алијансата до 2030 година, што вклучува прилагодување на предизвиците како „дестабилизирачките активности на Кина и подемот на Кина“, терористичките закани, кибернетичките напади и климатките промени.

Претходно во неделата ноќта Белата куќа објави дека челниците на НАТО ќе покренат „амбициозен“ збир од иницијативи за Алијансата да може да ја гарантира безбедноста до 2030 година и потоа.

Белата куќа објави дека 30-те држави членки ќе се договорите да го ревидираат Стратешкиот концепт на НАТО кој ќе го води неговиот „пристап кон променливото стратешко опкружување, кое ги вклучува руските агресивни политики и акции, предизвиците кои ги претставува Кина за нашата колективна безбедноста, просперитетот и вредностите, како и транснационалните закани како што се тероризмот, кибернетичките закани и климатските промени“.

Белата куќа наведе дека новиот Стратешки концепт ќе биде подготвен за усвојување на самитот на НАТО следната 2022 година. Русија, климаските промени, Авганистан и новите технологии се некои од темите за кои ќе се разговара во понеделникот во Брисел.

„Сојузничките челници ќе го покренат амбициозниот збир иницијативи за да осигураат НАТО и натаму да пружа безбедност на нашите граѓани до 2030 година и потоа“, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Агенцијата Reuters претходно, повикувајќи се на свои извори, извести дека Стратешкиот концепт на НАТО треба првпат да го вклучува воениот подем на Кина како еден од предизвиците за Алијансата.

Челниците на НАТО ќе ја усвојат новата политика за кибернетичката политика којашто ја јакне координацијата за да се осигура Алијансата да биде „отпорна на сѐ почестите и посериозни закани…. вклучително и нападите со рансмвер на критичната инфраструктура“. Белата куќа наведува дека членките на НАТО ќе се потпираат на „веродостојни провајдери за телекомуникациските мрежи од новата генерација“.

Лидерите на НАТО, исто така, ќе ги утврдат чекорите за да се обезбеди „технолошката предност“ на Алијансата и ќе го договорат Акцискиот план за климатската безбедност, вклучително и намалувањето на емисиите на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклената градина кои се последица од воените активности и активностите на базите.

На самите ќе бидат договорени реформи на Алијансата под називот „НАТО 2030“, иницирани отокако поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја доведе во прашање релевантноста на пактот, сметајќи ја за застарена организација, а францускиот претседател Емануел Макрон рече дека Сојузот е во стостојба на „мозочна смрт“.

Генералниот секретар Столтенберг ќе изнесе девет области во коишто НАТО би можел да се модернизира на среден рок, вклучително и поголемо заедничко сојузничко финансирање на воените операција. Франција поради тоа веќе изрази загриженота, стравувајќи дека така ќе се намалат средствата за своите национални воени приоритети.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.