Столтенберг порача дека сите членки на НАТО стојат зад САД и го повика Иран да се воздржува

Сите членки на НАТО стојат зад САД кога станува збор за Блискиот исток откако Вашингтон ја известил во понеделникот Алијансата за својот напад со беспилотно летало во кој беше во Багдад убиен иранскиот генерал Касем Сулејмани, реќе во понеделникот генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Во изјавата по вонредниот состанот на НАТО во Брисел посветен во Иран и Ирак, на кој САД ги брифирале сојузниците за нападот од петокот, Столтенберг, како и и неколку европски челници, повика на смирување на тензиите.

„Единствени сме во осудата на иранската поддршка за низа терористички групи. На денешниот состанок, сојузниците повикаа на воздржаност и деескалација. Нов судир не би бил никому во интерес. Иран затоа мора да се воздржи од натамошно насилство и провокации“, рече Столтенберг.

Челниот на НАТО притоа не одговорил на новинарско прашања дали членките на Алијансата ги повикале на воздржаност и САД.

Според Столтенберг, операцијата против генералот Сулејмани била национална одлука на САД, а НАТО не учествувал во нејзоното носење, но повтори дека сите земји во алијансата се загрижени за дејствијата на Иран во регионот.

„Ова е национална одлука на САД, неа не ја донесени ниту НАТО, ниту коалицијата (против Исламската држава во Сирија и Ирак) предводена од САД. Но сите земји во Алијансата се загрожени за дестабилизарачките активности на Иран во регионот и иранската поддршка на терористичките груши коис е одговорни за нападите врз трупита на коалициајта во Ирал или на објекти од енергетската инфраструктура“, изјави Столтенберг.

„Земјите членки на НАТО со години изразуваат загриженост во врска со дестабилизиаралкит активости на Иран на поширокиот регион на Блискиот исток. Се согласивме дека Иран никогаш не смее да добие нуклеарно оружје и изразивме загриженост поради иранското тестирање ракети кои можат да ја достигнат територијата на Европа“, рече Столтенберг,

Двајца дипломати кои учествувале на двочасовниот состанок во бриселското седиште на НАТО рекле за Reuters дека состонокот минал без никакви проблеми. Ниеден амбасадор не им се спротиставил на функционерите на Стејт департменто и на американскиот министер за одбрана, Марк Еспер, кои ги брифирале преку видео-конференциска врска во врска со петочниот напад.

Во понеделникот не доскутирало за нападот, ниту за списокот со цели кој го најави американскиот претседател Доналд Трамп, кој вклучува и локации со културолошка значење, доколку Иран за убиството на својот генерал се одмазди со напади врз Американци или американски интереси, додале соговорниците на агенцијата.

Состанокот бил во најголемиот дел бил насочен на одлуката на НАТО да ја суспендира својата мисија за обука во Ирак, откако ирачкиот парламент во неделата побара од странските трупи да ја напуштат земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.