Столтенберг ѝ порачува на Русија „без одлагање” да се придржува на договорот за нуклеарни проектили

Москва мора целосно да го почитува, без одлагање, Договорот за уништување и забрана на производство на проектили со кус и среден дострел (INF) меѓу Русија и САД, изјави во четвртокот генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакнувајќи дека новиот руските проектили со среден дострел го ставаat договорот во „сериозна опасност”.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави на 20-ти октомври дека САД предвидуваат излегување од Договорот за елиминација на проектилите со среден и мал дострел (INF – Intermediate Nuclear Forces Treaty) кој во 1987 година го потпишаа тогашните лидери – американскиот и последниот советски челник, Роналд Реган и Михаил Горбачев. Договорот INF беше потпишан на 8-ми декември 1987 година, а стапи на сила на 1-ви јуни 1988 година. Со него се опфатени распоредените и нераспоредените проектили со помал дострел, од 500 до 1.000 километри, и со среден дострел, од 1.000 до 5.500 километри
.
Сепак, САД ја обвинуваат Русија за кршење на договорот со крстосувачката ракета „Новатор 9М729“, позната и како „SSC“ според номенклатурата претставена претходно оваа година. Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец се закани дека ќе се повлече од договорот. НАТО, исто така, ја предупреди Русија за новиот ракетен систем.

„SSC-8 е мобилен и лесен за криење. Тој е способен да носи нуклеарни боеви глави, го намалува времето на предупредување до неколку минути, го намалува прагот за нуклеарен конфликт и има дострел до европски главни градови“, наведива челникот на НАТО во денеска објавените авторски текстови во италијанскиот весник La Republicca и во шпанскиот El Pais.

Активностите на Русија го поткопуваат Договорот ставајќи го во сериозна опасност, додава Столтенберг, истакнувајќи дека Вашингтон функционира во „целосна согласност” со Договорот.

Ова прашање се очекува да биде на дневен ред на средбата на министрите за надворешни работи на НАТО следната недела.

„Договорот што е почитуван од само една страна … нема да нѐ заштити… Ако договорот повеќе не влијае врз реалноста на теренот, тогаш тоа не е ништо повеќе од едно парче хартија”, оценува Столтенберг.