Столтенберг: Путин го уништи мирот во Европа

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека рускиот претседател Владимир Путин со инвазијата врз Украина „го уништи мирот во Европа“.

– Претседателот Путин го уништи мирот во Европа. Сојузниците ја осудуваат неоправданата и брутална инвазија врз Украина. Рускиот напад е целосно неприфатлив и е помогнат од Белорусија, истакна Столтенберг за време на посетата на полската воздухопловна база Ласк заедно со полскиот претседател Анджеј Дуда.

Столтенберг посочи дека Алијансата „ќе ја брани секоја педа од нашата територија“.

Нашата посветеност на членот 5, нашата клаузула за колективна одбрана, е цврста. Ќе ја браниме и браниме секоја педа од територијата на НАТО, потенцира Столтенберг.

Тој додаде дека „НАТО не бара конфликт со Русија и се залага за дипломатско решение на конфликтот во Украина“.