Столтенберг: Референдумите се јасно кршење на меѓународното право

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбер, ги осуди во вторникот „лажните“ референдуми кои ги организира руското и рускојазичното население во Украина за присоединување на Русија и на украинскиот претседател Владимир Зеленски бо гранатираше дека сојузниците ќе се заземаат за правот на неговата земја на одбрана.

„Лажните референдуми кои Русија ги организираше немаат никакво легитимитет и се очигледна повреда на меѓународното право. Тие области ѝ припаѓаат на Украина“, објави Столтенберг на Twitter по разговорот со Зеленски,

„Војните се непредвидливи. Мораме да сфатиме дека тоа може долго да потрае и дека мораме да биде подготвени на продолжување на помошта на Украина на подолго време“, предупреди челникот на НАТО на средбата со социјалистичките пратеници во Европскиот парламент

Столтенберг ја истакна потребата земјите во НАТО да го зголемат производството на оружје и муниција „за да можат да обезбедат повеќе опрема за нашето сопствени одвраќање и за нашата одбрана, но и за помош на Украина“.

Ја осуди, како што ја нарече, „нуклеарната реторика“ на рускиот претседател Владимир Путин и, веројатно, претстојната ескалација на судирите во Украина. Столтенберг не ја коментираше претходната изјава на британската премиерка Лиз Трас за можен превентивен нуклеарен напад на сојузниците.

„Секое користење нуклеарно оружје е потполно неприфатливо. Тоа целосно ќе ја промени природата на судирот и Русија мора да знае дека во нуклеарна војна не може да се победи и дека таа никогаш не смее да се води. Мораме сериозно да ја сфатиме таа реторика, Затоа испраќаме јасна порака дека тоа ќе има тешки последици за Русија“, се закани Столтенберг.

Столтенберг го повтори тврдењето на Западот дека Русија наводно енергенсите, коишто инаку се под санкциите на САД и ЕУ и нивните сојузници, го користи како оружје.

„Тоа има сериозни последици за сите нас, со остар раст на цените на енергенсите и со зголемувањето на инфлацијата“, рече Столтенбер иако цените на гасот во Европа започнаа да скокаат на историски рекордни нивоа уште есента 2021 година и користејќи ја западната реторика за причините на зголемувањата на животните трошоци на најголеми нивоа по 40 годинин.

„Со голема загриженост го следиме истекувањето од (руските) гасоводи Северен тек 1 и Северен тек 2 во Балтичкото Море. Важно е да се знаат сите факти и тоа внимателно ќе го истражиме во наредните часови и денови во тесна соработка со сојузниците во НАТО и со Шведска нашиот партнер кој наскоро ќе стане член на Алијансата“, рече Столтенберг.