Столтенберг смета дека испораките авиони за Киев нема да го направат НАТО страна во војната

Министрите за одбрана на НАТО ќе разговараат за можноста за испораки борбени авиони во Украина на состанокот во вторник и среда, но за тоа ќе биде потребни повеќе време, изјави во понеделникот генералниот секретар на Северноатлантскиот воен сојуз.

На прес-конференцијата во пресрет на состанокот на министрите на земјите членки на Алијансата во Брисел, Столтерберг го истакна своето уверување дека испораките на модерни борбени авиони според НАТО стандардите нема да го направи воено-политичкиот блок директен учесник во руско-украинската војна.

„Треба јасно да се разликува: испраќањето авиони на НАТО со пилоти за обезбедување зона на забранети летови над Украина е учество на НАТО во конфликтот, а испораките на авиони на Украинците нема да го направат НАТО учесник во војната“, рече Столтенберг.

Во текот на посетата на Лондон и Париз минатата среда, и на Брисел во четвртокот, украинскиот претседател Володомир Зеленски ги повика западните воени сојузници да му испорачаат на Киев напредни борбени авиони и артилериски системи со дострел до 300 километри во рамките на следната фаза на испораки на западното вооружување со украинските сили.

Во Кремљ оваа ситуација се смета за директно вклучување на Велика Британија, Германија и Франција во конфликтот меѓу Русија и Украина. Според портпаролот Дмитриј Песков, таквите дејствија на западните земји водат само до ескалација на тензиите, што ќе ја прави конфронтацијата само поболна за Украина и ќе го зголемат страдањето на украинскиот народ.