Столтенберг: Tреба да се подготвиме и за лоши вести од Украина

Doorstep statement by NATO Secretary General Jens Stoltenberg ahead of the 2023 NATO Summit in Vilnius

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека војните се инхерентно непредвидливи и дека „треба да се подготвиме и за лоши вести од Украина“.

Столтенберг, во интервју за германската телевизија АРД, одговарајќи на прашањето дали стравува дека ситуацијата во Украина ќе се влоши во иднина, рече дека војните се одвиваат етапно, но дека „мораме да ја поддржуваме Украина и во добри и во лоши времиња“.

Осврнувајќи се на ситуацијата на фронтот, Столтенберг рече дека нема значаен напредок во изминатите неколку месеци.

Тој не прогнозираше понатамошни настани, наведувајќи дека „војните се инхерентно непредвидливи“.

– Но, знаеме дека колку повеќе ја поддржуваме Украина, толку побрзо ќе заврши војната – рече Столтенберг.

Тој оцени дека Украина е во „критична ситуација“, но не одговори на прашањето како треба да дејствува командата во Киев.

– Донесувањето на овие тешки оперативни одлуки им го оставам на Украинците и воените команданти – рече Столтенберг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.