Столтенберг во Турција ќе се залага за влезот на Шведска и Финска во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во средата изјави дека в четврток патува за Турција за да ја потврди поддршката на Алијансата за земјата по разорниот земјотрес, но и да се заложи за ратификација на членството на Шведска и Финска во организацијата.

Столтенберг на прес-конференцијата во Бриесл по состанокот на министрите за одбрана на Северноатлантскиот сојуз најави дека во Турција ќе престојува за да ја изрази поддршката на Алијансата во разговор со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Додаде дека ќе разговара и за членството на Шведска и Финска во НАТО.

„Ќе побарам од нив (Турција) да ги ратификуваат двата протоколи за пристап во исто време (…) Но, Турција треба да одлучи дали ќе ратификува еден или двата протоколи“, додаде тој.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на почетокот на февруари навести дека турскиот парламент би можел да го ратификува пристапот на Финска во НАТО без Шведска.

Триесет земји ги потпишаа пристапните протоколи, а 28 ги ратификуваа. Само Турција и Унгарија сѐ уште не го ратификувале својот договор.

„Главното прашање не е дали приемот на Финска и Шведска ќе биде ратификуван заедно, туку дека тоа ќе биде што е можно поскоро“, рече Столтенберг на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во вторник во Брисел.

Одлуката на шведските власти да дозволат протести пред турската амбасада во Стокхолм на кои рво беше обесена наопаку  клукла со ликот на турскиот претседател а една седмица подоцна беше запалена светата муслиманска книга Куранот, ја разгневи Анкара. Турција и претходно бараше од двете нордиски земји да ги задоволат нејзините барања да престанат да им прижаат политички засолништа на припадници на организации кои ги смета за терористички и да ѝ ги предадат лицата кои во земјата се осудени или по кои се трага за тероризам

Мнозинството Финци се за влез на земјата во НАТО без да се чека Шведска. Но, лидерите на двете земји сакаат заедно да влезат во НАТО.

Организирањето на претседателските и парламентарните избори во Турција во мај би можело да ја одложи ратификацијата бидејќи парламентот ќе престане да функционира во март. Но, изборите може да бидат одложени поради катастрофалниот земјотрес на југот на земјата.

Шведска и Финска се веќе силно интегрирани во НАТО. Тие учествуваат на сите состаноци вклучувајќи го и воениот комитет и добија безбедносни гаранции од САД, Германија, Франција, Обединетото Кралство, Италија, Полска и Холандија до приклучувањето кон Алијансата.