Стоп на лажни вести!? Да, ама без сатанизација и лајпрди

Максимално злоупотребување на терминот Лажна Вест, без притоа да се признае дека станува збор за класична Навреда и Клевета и дека во граѓанска парница можеш да излезеш бар за еден денар побогат кога ќе наплатиш од новинарската лајпрда која сака да те сатанизира тебе лично, твојата фамилија или пак најубавото за овој тип Сатанисти (се извинувам новинари) твојот професинален ангажман.

Во последно време тоа го доживуваат припадниците на СЈО (некои ги нарекуваат Општинска Организација на СДСМ задолжени за мобинг врз опозиционери). Патем би сакал да им цитирам една реченица од легендарниот филм „Булит“: Се’ се плаќа, се’ се враќа.

И покрај неколкукратното прегледување на КОД (од 22.09.2019 година) на Телма, уште неможе да се разбере што сакаа да не’ информираат авторите од независната продукција. Најверојатно е дека пораката беше: Ние лично да земаме по 2.000 евра плата и да сме господари на вистината, а Вие другите, во случајов СЈО, да разберете дека на мртов војник сега ние репетираме празни пушки.

И патем другарите од независната продукција КОД во ниту еден момент не ни кажаа зошто нивните колеги (Чом и Боко и рамо до рамо со Сале безбедносен сертификат) од ТЕЛМА ги напуштија своите работни места како новинарски бардови во друга телевизија со само за нив познато влијание (рамно на статистичка грешка) во јавноста. Дали на крај добија наредба по две основи:

  • Мора да изработите
  • Нема не кога ние збориме, затоа Ве плаќаме

Туку Дали е вистина дека некој од овие нашиве новинари идел на баци рака те во втора управа кај Ременски, те кај Џони од УБК, сега веќе поранешни? Вистина е дека некој од нив им викал на познати бизнисмени: Дај 200.000 евра за реклама и ние сме уз тебе. Не се секирај за Заев. М? Ме интересира зошто сум радознал задник, не заради друго. Едноставно баш сакам да знам.

Ама за колегите од иста чешма кај што пиеме вода не се збори. Па, ист леб делиме. Другарите од КОД се само пример со целосна поддршка од разни пријатели новинарски кои мислат дека вистината е од времето кога Лазе Китановски им кажуваше што е демократија и дека само вистината нивна е вистинската вистина.

Затоа ќе си сатанизираат вака, а јас давам одговор на нивната сатанизација во два случаја:

  1. Љупчо Златев ја навредил Фатиме Фетаи и ги прекршил сите новинарски кодекси. Лично му го осудувам начинот на изразување. НО. Ако го читате внимателно неколку пати се доаѓа до следниов заклучок: Љупчо само ја кажа вистината дека Фатиме има доживеано цивилизациски шок со нејзините ташни, тетоважи, фризури, бунди и одбраната на страшниот сељачизам.

Туку: Дали „Фем Фатал у покушај“ се има изјаснето дека Насер Рауфи и покрај четворица адвокати Македонци, брани припадници на Исламски Фундаментализам во случајот Монструм?

За да се разбереме: испрдокот на СДСМ од времето на Општествено одговорни работници новинари Бранко Тричковски директно со стравичен говор на омраза му ги споменува дечињата на лидерот на опозицијата Христијан Мицковски.

Тоа било демократија и Тричко тоа го правел во литерарна форма. Па и Лазе Китановски пропелер се направи од срамои.

  1. Аце Мечка од „Инфомакс“ објавува документи од ОЈО со изјави на рекетирани личности и он одма е: слуга на Груевски, русофил, криминалец, удбаш итн.

Ама ако големиот новинар познат по семејно насилство ги напише следниве наслови:

Петре Шилегов ги потепа комарците до седмо колено И

Сашо Дуковски и Гордан Калајџиев се адвокати на мафијата

Тоа е врвот на демократијата. А, пустиот не разбира што е разлика помеѓу Фукушима и Фукојама.

Жежок костен во рацете доби за мене лично почитуваниот Роберт Поповски. Ќе мора да направи баланс помеѓу новинарството и Владата на Македонија во четири чекори за сузбивање на Лажни Вести. А тоа се следниве:

  • Да го замоли Претседателот на Македонија да биде координатор за сузбивање на Лажни Вести, кој мора да ја седне опозицијата водена од ВМРО-ДПМНЕ на маса за разговор и тоа веднаш (притоа да заборави Претседателот на својата изјава за Гоце Делчев бидејќи еден возрасен историчар го искритикува со следнива реченица: Лоша изјава, како да не познава историја и политика)
  • Претседателот на ЗНМ да се изјасни таму каде што работи кој му е газда! Дигресија 1: Телекабел му наплатил на Боки 13, пет илјади (5.000) евра месечно за пренос на 1ТВ. Чадиковски при наплатата е во Дебарска Бања. Он незнаел за такви дејанија. Така викаат злобниците.
  • Јавно да застане во заштита на интелектуалните (авторски) права на новинарите и медиумите каде работат, првенствено со регулирање на агрегаторот mk кој не можеби, туку е мотор на промоција Лажни Вести
  • Да се огради од кампањата која е започната од кабинетите на вовлекувачи медиумски спин мајстори на Зоран Заев која гласи вака: Сите проопозициски медиуми се извори на Лажни Вести како ние.

Сепак Роберт Поповски има добра професионална новинарска позадина како личност. Можеш и да го сакаш, а може и да го мразиш. Ама има една доблест, која се однесува на разни хохштаплери од НВО секторот. Точно има визија кој знае, а кој не знае медиумска политика. Затоа е омразен и оговаран како министер од егоистични шутрачишта, ама почитуван од …

За оние кои не разбираат: Пријателството е вечно без разлика на различностите.

Да живее Република Македонија!!!

Автор: Виктор Грозданов

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.