Стопанската комора на Македонија формира Кризен штаб

52

Стопанската комора на Македонија формира Кризен штаб што ќе функционира додека трае вонредната состојба во земјава воведена поради коронавирусот.

Целта е, како што соопшти, уште поголема поддршка на компаниите преку обезбедување континуирана достапност на информации и преземање активности за полесно пребродување на кризната ситуација.

– На интернет страницата на Стопанската комора на Македонија компаниите можат да најдат бројни корисни информации важни за оперативното работење во тековните околности, информации за уредби, одлуки и препораки усвоени од Владата и други надлежни органи, интерни информации со прашања кои ги покренуваат компании-членки и информации од регионот, особено од Коморскиот инвестициски форум. На интернет страницата на Стопанската комора на Македонија ќе бидат наведени и дежурни контакт лица со контакт информации, стои во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.