Стотици хрватски фирми на виртуелниот форум со Русија

Соработката со традиционално важните пазари продолжува и покрај коронакриза, што го потврдуваат речиси 250 пријавени хрватски фирми на онлајн средбите со Русија и повеќето од 400 одржани состаноци, извести во четвртокот Хрватската стопанска комора (HGK).

Како што изјавил за агенцијата Hina, челникот на комората Лука Буриловиќ, „класичните начини на барање деловни партнери, како што се саеми и индивидуални средби во моментов се невозможни“, по повод проектот за умрежување на хрватските компании со нивните странски партнери преку онлајн платформата на HGK, со поддршка на Европската претприемачка мрежа (EEN).

Додал дека работата оди по нови канали, што се потврдува и со речиси 250 пријавени компании за виртуелен форум со Русија. Тоа се случува, додека некои политичари од далеку послабите економии во кризи во регионот, како Македонија и Црна Гора, на пример, изјавуваат за приклучување кон санкции кон големиот руски пазар гладен за најразлични производи.

Наспроти нив, Буриловиќ истакнал дека Русија е важен пазар за хрватските компании поради својата големина, но и порди традиционалните деловни односи меѓу стопанствениците.

Вршителот на должноста хрватски амбасадор во Москва, Томислав Цар, се осврнал на динамиката на хрватско-руските односи, за кои оценил дека имаат нагорен тренд, како во средбите на ново на државни претставници, така и во култруни проекти, академска соработка, децентрализираната соработка на нивоа на градови и региони, како и во хрватско-рускиот деловен форум.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.