Стотици полицајци во штрајк среде самитот на ЕУ во Брисел

Стотици полицајци во Брисел се пријавија дека се болни во средата упатувајќи порака на тој начин дека се незадоволни од условите за работа, во моментот додека во белгиската престолнина се одржува клучниот самит на Европската унија во врска со излегувањето на Велика Британија.

Деведесет отсто од 2.600 полицајци во полициската зона Брисел-Капитал се јавија во средата дека ќе бидат отсутни поради болест, што е повеќе од 500 од нив. Претходниот ден на боледување биле 15 отсто од бриселските полицајци. Соседниот полициски сектор, каде што станува збор за 585 полициски службеници, исто така, се пожалил на проблеми во врска со штрајкот кој во понеделникот го започнаа трите синдиката.

Протестот се случува во моментот кога европскиот кварт во Брисел е домаќин на дводневниот самит на челниците на земјите членки на Европската унија, почнувајќи од средата вечерта, а потоа во белгискиот главен град во четврток и во петок ќе се одржи и состанокот Европа – Азија.

„Во секој случај самитот ќе се одржи, полицијата ќе биде присутна. Расправаме за решенија“, изјави Илсе Ван Де Кеер, портпаролка на Брисел-Капитал-Иксел.