Стотици предизбори вработувања во ЕЛЕМ

249

Како што се наближуваат предвремените парламентарни избори, така секојдневно си растат и скандалите кои ги приредува власта.

Партиските вработувања како обид за добивање на гласови на изборите, се “оружје“ кое СДСМ редовно го користи.

Така, ЕЛЕМ веќе објави огласи за вработување на 200 лица. Ова е само една третина од луѓето кои ќе бидат вработени во Електрани, бидејќи сегашно ЕСМ планира да отвори 600 нови работни места, што значи вработување на 600 нови лица.

Ова е сериозна бројка на нововработени со цел, не да се зголеми ефикасноста во работата, туку да се вработат луѓе за кои власта се надева дека ќе се заблагодарат со гласање на изборите.

Најголем е проблемот што на најголем дел од тие места ќе се стави некомпетентен и нестручен кадар.

Ова не е прв пат токму на вакви работни места да се прават вакви огласи за работа.

Власта во заминување ја партизира администрацијата и купува гласови со предизборни вработувања. На само 8 дена пред техничка влада АД ЕЛЕМ распиша оглас за вработување на нови 30 лица.

„На 8 дена пред техничка влада АД ЕЛЕМ не вработува инженери или други стручни лица потребни за работата на ова претпријатие, туку советници во кабинет, книговодители, раководители.

Која е итноста на вработувањето на канцелариски персонал, за тоа да се прави пред избори!? Јасна е намерата. Полнење на институциите со партиски кадар и поткуп на гласачи.

Ова е втор оглас во последниот месец распишан од АД ЕЛЕМ. Пред само 10 – тина дена објавен беше оглас за 200 вработувања во РЕК Битола. Додека во АД МЕПСО, другата компанија од енергетскиот сектор во државна сопственост на почетокот на овој месец беше распишан оглас за вработување на 63 лица„-обвини Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ на 26-ти декември.

Партиските вработувања, како и непотизмот станаа заштитен знак на власта додека Зоран Заев е на нејзино чело. Бројни се примерите каде функционери на СДСМ си ги вработија најблиските, а институциите кои се под нивна контрола ги вдомија партиските кадри на СДСМ.

Според последните докази, СДСМ не само што не мисли да престане со вакво делување, туку и се засили пред изборите.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.