Стотици украински војници загинале во два дена, тврди Русија

Руските трупи кои дејствуваат на боиштето во Украина во изминатите два дена елиминирале неколку стотици украински војници во борбите во југоисточните украински области, што принудило поради загубите три украински бригади да се повлечат од претходните борбени позиции, тврди во четвртокот руското министерство за одбрана на редовниот дневен брифинг во Мосва.

„Во областа на населеното место Константиновка во Доњецката област беше погодена позиција на единиците на 95-та воздушна јуришна бригада. Ликвидирани се до 400 припадници на украинските вооружени сили и 20 единици воена опрема“, рече во извештајот за воените активности последните 24 часа портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-полковникот Игор Конашенков.

Минатото деноноќие руските трупи извеле напад и врз позициите на 92-та механизирана бригада на украинската војска, исто така, во областа на источниот украински град Харков, при што загинале 130 украински војници и биле уништени 13 оклопни борбени возила.

Конашенков, исто така, рекол дека поради засилените операции на здружените сили на сепаратистичките единици од Доњецк и Лугански и руските трупи кон градовите Соледар, Артемовск и Авдеевка, неколку бригади на украинските вооружени сили ја загубиле борбената способности и биле принудени отстапат од првичните позиции. Станува збор за 54-та механизирана, 56-та и 58-та моторизирани бригади на украинската армија, прецизирал Конашенков.

Во Артемовски, каде што станува збор за степска област слична на земјописот на Херсон каде што Украина ја најавува ткн контраофанзива и украинската војска е на ткн бришан простор на дејствата на руската артилерија, на пример, се наведува дека во борбите меѓу вторникот и средата загинале над 360 украински војници.