Стотици возачи казнети во неколку града низ државата

Во саботата во периодот од 9 до 16 часот СВР Штип спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 89 возачи.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Во Tетово пак биле казнети 74 возачи.

Во истиот период денеска СВР Тетово спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 74 возачи. 67 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а седуммина за дури над 70 километри на час над дозволената.

од 09 до 16 часот СВР Охрид спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 85 возачи, од кои 45 на територија на Охрид, 25 на територија на Струга, а 15 на територија на Кичево.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Претходно во текот на денот,  како што информираа од МВР, од претпалденото до раните попладневни часови Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Скопје-Велес, при што санкционирани се 83 возачи. 40 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а шестмина за дури над 70 километри на час над дозволената.