Стотина лица учествуваа во масовна тепачка во Шведска

Масовна тепачка во којашто учествувале најмалку деведесет лица се случила во саботата на паркинг во предградие на шведскиот градот Нучопинг, објави електронското издание на дневниот весник Dagens Nyheter.

Според портпаролката на полицијата Моника Бергстром, на која се повикува весникот, автобус во кој имало 30 патници застанал на паркинг за одмора на авопатот Е4. Потоа, на паркингот одеднаш се појавиле уште 60 луѓе и започнала тепачката.

Учесниците во тепачката фрлале камења, биле скрешни прозорците на автобусот, а две лица примиле медицинска помош во болница.

„Во моментов нема притворени. Полицијата беше на самото место и испрашуваше очевидци“, рекла Бергстром. Според неа, причина за тепачката е конлфикт на две конкурентски групи.

„Две групи учествувале во овој инцидент, не можам да кажам ништо повеќе“, рекла Бергстром, портпаролка на полицијата на Источниот регион. „Покренато е дело за безредија со примена на насилство“.