Етиопската влада ги обвини во понеделникот бунтовничките тиграјски сили за убиство на сто млади во клучниот град Комболчa, додека САД изразија загриженост поради напредувањето на бунтовничките сили една година по почетокот на судирите.
Фронтот за национално ослободување на Тиграј (TPLF), кој се бори против централната влада на втората најнаселена земја во Африка, не одговори на обвинувањата.
Агенцијата Reuters не успеала да ги потврди информациите од независни извори за борбите кој градот Комболча, кој е лоциран на клучниот автопат одделечен 380 километри од етиопската престолнина Адиса Абеба. Комуникацијата со оваа област е прекината, а на новинарите им е оневозможен пристапот.
Претходно во неделата портпаролот на (TPLF изјави дека нивните борци напредуваат кон југот за да го заземат Комболчи и тамошниот аеродром. Со тоа бунтовниците се доближија најблиску до Адис Абеба од почетокот на офанзивата којашто започна во јуни, против соседната покраина Амхара. Премеирот Абиј Ахмед истот ден ги повика сите граѓани на мобилизација.
„Терористичката група TPLF егзекуртирала повеќе од 100 млади жители на Комбoлча во областите во кои се инфилтрирале“, објави етиопската влада на на Twitter, но не појаснува дали убиените се војници или цивили.
Претходно во понеделникот американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека е загрижен поради извештајот дека Тиграјците ги заземале Комболча и Десие, блискиот град во кој бунтовничките борци влегоа во саботата.
„Продолжувањето на судирите ја пролонгира тешката хуманитарна криза на северот на Етиопија. Сите страни мроа да ги запрат борбените операции и да безусловно да ги започнат преговорите за примирјето“, порача Блинкен.
Десетици илјади припадници на народот Амјара побегнаа претходно во Десие поради борбите. Владата тврде дека овој град не е под контрола на тиграјските бунтовници.
Заземањето на Камболча би претставувало значакни стратешко остварување за Тиграјците, кои етиопскитеа војска и амхарските милици се обидуваат да ги потиснат од покраината Ахара.
Пред една година започна војната меѓу етипските владини сили и TPLF, кој доминираше на етиопската политичка сцена речиси 30 години, односно до 2018 година кога премир стана Абиј Ахмед, припадник на народот Оромо, добитник на Нобеловата награда за мир пред три години за решавање на деценискиот конлфикт во регионот. Во судирите досега се убиени илјадници цивили, а повеќе од 2,5 милиони луѓе ги напуштија своите домови.