Стотина ученички затруени во Авганистан

Речиси стотина ученички, главно девојченца, се затруени во северната авганистанска покраина Сер-е-Пул, изјави во понеделникот локален функционер.

Наводното труење се случило во текот на викендот во две училишта во покраинскиот округ Санчарка, изјавил за германската новинска агенција DPA шефот на локалниот оддел за информирање и култура Умаир Сарепули.

„Меѓу затруените се седум учителки, еден учител и една чистачка во училиштето“, рекол Сарепули.

Здравствената состојба на неколку ученички кои биле пренесени во покраинската болница е добра. Ученичките пателе од мачнина и недостиг од здив, додал. Умаир рекол дека верува оти во училниците биле користена материја која предизвикувала астма, солзење на очите и течење на носот.

Во видеото коешто на интернет го сподели американскиот ресурс AmuTV, се гледаат неколку ученици во болнички кревети.

Властите засега не објавија дека има уапсени или осомничени за инцидентот.

Откако талибаните се вратија на власт по хаотичното повлекување на силите на САД и сојузниците од Авганистан кон средината на август 2021 година, повторно ги наметнаа строгите закони од шеријатското право и покрај апелите на меѓународната заедница на девојчињата и жените им го забранија пристапот до училиштата по шесто одделение.

Талибаните досега не одговорија потврдно на меѓународните притисоци дека повторно ќе ги отворат училиштата за девојчињата. Тоа е искористено за блокирање на авганистанските средства во западните банки, како и за запирање на меѓународната помош.