Стотина здравствени работници остануваат без работа во услови на незапаметена епидемија, министерот Филипче не им ги продолжува договорите

Додека другите земји го активираат пензионираниот медицински персонал, како и студентите на завршните години за да ги зголемат капацитетите на сопствените национални јавноздравствени системи во справувањето со панедмијата на коронавирусот, повеќе од сто медицински работници во Македонија остануваат на улица поради тоа што Министерството за здравство и министерот Венко Филипче не сакаат да им го продолжат договорот.

Здравствениот систем во земјата очигледно е на удар од недоволните мерки, па така според состојбата од 20-ти април, бројот на заболен медицински персонал во земјава е во постојан раст, а според последните податоци на Институтот за јавно здравје регистрирани се 210 случаи на заболување меѓу здравствени работници што е 17,1 отст од вкупната бројка инфицирани до тој датум. Што значи дека покрај тоа што јасно е дека во мерките кои се преземаат за затитата на во моментов најважниот кадар во земјата, многу скоро да се случи и такви кадри да недостигаат.

Но и покрај тоа, порталот Курир.мк во петокот објави дека поседува скандалозни информации дека во време на пандемијата со коронавирусот, стотина медицински работници ќе останат без работа.

Станува збор за патронажните сестри на ниво на целата земја како и лекарите кои се вработени во овој проект.

Имено во јуни 2019 година Министерството за здравство објави оглас за јавен повик за сите медицински сестри кои се заинтересирани за работа во службите на патронажната дејност да се јават на конкурсот. Условите кои се бараа беа да се има завршено средно или вишо медицинско образование со положен стручен испит.

Проектот започна на први ноември истата година.

-Бевме повикани од страна на директорите на здравствените домови каде што и бевме распределени. Во Скопје се вработија 48 медицински сестри и 10 лекари и уште 50 медицински сестри низ целата земја со што вкупниот број поминува повеќе од 100 лица. Првиот работен ден бевме поздравени лично од министерот за здравство Венко Филипче и сите медиуми. Договорот за вработување беше со времетраење од шест месеци со ветување дека ќе се продолжува, вели нашиот извор.

Тој додава дека поради ова ветување многу медицински сестри ги напуштија своите работни места и ја прифатија оваа можност.

-Во текот на овие шест месеци  сите поставувавме прашања дали да бараме нова работа, но одговорот беше дека Договорите за работа со сигурност ќе се продолжат. Во меѓувреме се јавува кризната состојба или познатата пандемија со КОВИД-19 и министерот за здравство Филипче на прес конференција три пати изјави дека на сите вработени од проектот ќе им бидат продолжени Договорите. Но само ни пет дена пред истекот на Договорите министерот праќа допис до сите здравствени домови дека проектот се прекинува!, вели нашиот револтиран и разочаран извор.

Тој со сиот гнев додава дека никој во изминатиот период не бараше работа поради ветувањето на министерот, а сега во оваа криза никој не ни вработува поради многу добро познати причини.

-На крај што е со нас?, додава медицинската сестра вработена преку овој проект со кој се гордееше министерот пред само една неполна година.

Инаку редакцијата на КУРИР побарала и став од Министерството за здравство и од министерот Венко Филипче преку електронски пат, но до овој момент не го добиле .

На почетокот од април Филпче на прес-конференција кратко одговори дека Договорите на патронажните сестри ќе се продолжат бидејќи има предвидено средства во Фондот за здравствено осигурување, но според сознанијата тие договори веќе се прекинуваат и тоа за неколку денови.