Стоук ја прекина серијата на Манчестер Јунајтед, Челзи ја продолжи својата

Во последниот меч од саботната програма од 4-то коло од англиската Премиер лига Стоик на својот терен одигра нерешено 2:2 со Манчестер Јунајтед, со што ја прекина победничката низа на „црвените ѓаволи“.

По трите победи на стартот од Премиер лигата и гол разлика 10:0, се очекуваше нов триумф на Манчестер Јунајтед, но тоа го спречи Ерик Максим Чупо-Мотинг, кој беше двоен стрелец за Стоук, во 43 и 63 минута. Камерунскиот напаѓач, роден во Германија, во англискиот лигаш пристигна ова лето од Шалке. За Манчестер Јунајтед стрелци беа Марркис Рашфорд во првата минута од судиското продолжување на првото полувреме и Ромелу Лукакиу во 57 минута.

Евертон, во кој летово се врати Вејн Руни, беше соборен на својот терен од Тотенхем со 0:3. За „Спарсите“ два года постигна Хари Кеј, во 28 8 46 минута, а еден во 42-та додаде Кристијан Ериксен.

Фудбалерите на Арсенал по двата последователни пораза, од Стоук и Ливепрул, ги примирја своите навивачи победувајќи го Бирнмут со 3:0. Двоен стрелец беше Дени Велбек, во6 и 50 минута, а во 27 гол постигна и Александр Лаказет, најскапото засилување на „топчиите“ ова лето.

По поразот од Барнли на стартот од првенството, фудбалерите на Челзи ја остварија третата последователна победа. На гости кај Лестер Сити славеа со 2:1, со головите на Алваро Мората во 41 и Н’Голо Канте во 50 минута, додека за домашните стрелец беше од пенал Џејми Варди во 62 минута.

Брајтон енд Хов Албион со 3:1 го совлада Вестр Бромвич Албион. Стрелци за домашните беа Паскал Грос во 4 и 48 минута, како и Томер Хемед во 63 минута, а за ВБА голот го постигна Џејмс Морисон во 77 минута.

Вотфорд со головите на Абдулај Дукур во 38 8и Дерил Џејнмат во 65 минута славеше на гостувањето кај Саутемптон.

Втората сабота во септември беше црн ден за клубовите од Ливерпул. Покрај Еврертон, пораз без постигнат гол доживеа и Ливерпул. Манчестер Сити со уверливи 5:0 ги надигра „редсите“, нанесувајќи им го првиот пораз сезонава.

Аргентинецот Серхио Агуеро го искористи во 24 минута одличното проигрување од Белгиецот Кевин Де Брујне, Вои 37 минута гостите останаа со играч помалку, бидејќи беше исклучен Мане поради опасна игра и невнимателен старт врз домашниот голман Едерсон. На Бразилецот осум минути му беше укажувана медицинска помош на теренот пред да биде изнесен со имобилизиран врат.

Поради тоа првото полувреме беше продолжено за осум минути, а во шестата од судиското продолжение Габриел Жезус на уфрлување од Де Брујне со глава погоди за 2:0. Истиот играч го реализираше противнападот на Сити во 53 минута, а конечните 5:0 со два гола ги постави Сане. Прво во 77 минута погоди за 4:0, а петтиот гол го постигна со прецизен удар од работ на казнениот простор во 91 минута.