Штрахе ја тужи тројката која му ја наместила видео стапицата

До неодамнешниот австриски вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе кој беше и досегашен челник на десната Слободарска партија (FPÖе) поднесе кривична пријава против виенски адвокат, детектив и женско лице кои го намамиле во видео стапица која ја собори австрислата влада и го натера да отстапи од двете функции, соопшти во саботата неговиот адвокат.

Една седмица пред изборите за Европскиот парламент на кои фаворити се десните евроскептични суверенистички партии меѓу кои австриската крајна десна Слободарска партија (FPÖе) чиј лидер беше Штрахе, најголемите германски медиуми координирано објавија материјали во кои се тврди дека вицеканцеларот Хајнц-Кристијан Штрахе разговарал наводно за купување удели во медиуми за влијание на изборите со некоја „Русинка“, којашто според Штрахе е латвиски државјанин.

Адвокатот на Штрахе, Јохан Пауер, рекол во саботата за германската новинска агенција dpa дека иднетитетот на жената којашто се претставила како латвиска внука на руски олигарх и натаму е непознат.

Претходно во средата близскито соработник на Штрахе, поранешниот политичар Јохан Гуденус, во виенскиот дневен весник Kurier рече дека организатори на скандалот веројатно се адвокат од Виена и посредник од Германија. Гуденус во разговроот рече дека адвокатот му покажал копија од пасошот на Латвијката, патна испреава на Европската унија. Исто така, тој го идентификуваше нејзиниот придружник како извесен Јулијан Талер од Минхен. Тие наводно биле заинтересирани за купување ловиште коешто го поседувало семејството Гуденус.

Според Пауер, адвокатот го договорил контактот со жената, додека австриски детектив се претставик како нејини соработник, како што изјави и Гуденус са состанокот кој бил тајно сниман летото 2017 година на Ибица, откако првата средба се одржала на 24-ти март истата година во ресторан во Виена, неколку месеци пред изборите на кои Штрахе дојде на власт како вицеканцелар.

Во видео изјава во петокот Штрахе не го оспори разговорот дека наводно ветил потенцијални договори за јавна инфраструктура и како да се избегнат законите за партиско финансирање, меѓутоа рече дека тоа било само нафрлање идеи,а не дека било разговарано за конкретни планови. „Таквото разгледување на идеи е дозволено, ниту е казниво ниту е незаконски“, истакнува.

Откако Штрахе и министрите од неговата партија порди скандалот се повлекоа од коалициската влада на канцеларот Себастијан Курц, распишани се предвреемни парламентарни избори кои најверојатно ќе се одржат во септември.