Штрајк на грчките новинари

Новинарите во сите грчки приватни, јавни и локални медиуми – печатени електронски и онлајн, денеска нема да работат шест часа, за да учествуваат на состанокот на нивниот фонд за здравствено и социјално осигурување.

Во прекинот на работата на медиумите учествуваат и државната новинска агенција АНА-МПА, јавниот радиодифузер ЕРТ и Генералниот секретаријат за информации и комуникации.