Странците ќе затвораат фабрики, СДСМ ја враќа економијата во мрачните 90-ти

Без разлика на мотивите на социјалдемократите за воведување нови мерки во економијата, во прв ред ревидирањето на стратегијата на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ за привлекување странски инвестиции, јасно е дека таквите постапки ги бркаат странските вложувачи што ја создава опасноста од затворањето на работните места за многу македонски граѓани и враќање во период на разорувањето на македонското стопанство пред повеќе од две децении.

Според последните објавени сознанија, три големи мултинационални компании најавуваат напуштање на Македонија. Главната нивна забелешка е дека е прекината комуникацијата со Владата на секое ниво, најавата за зголемување на даноците, немањето интерес и волја да се излезе во пресрет на основнте барања на странските инвеститори.

Особено странските инвеститори имаат забелешка од најавата за декласификација на нивните договори за обезбедување помош од државата, со што СДСМ смета дека ќе му зададе популистички удар на ВМРО-ДПМНЕ, со тоа што „граѓаните ќе виделе колку средства од нивните даноци или казни одделе за поддршка на странските инвестиции“, што социјалдемократите се обидуваат да го поврзат со прашањето за провизии што наводно ги добивала претходната власт.

Меѓутоа, вистина е дека со декласификацијата на таквите договори всушност се откриваат стратегиите на мултинацоналните компании за настапи во странски земји, начинот на кој се преговара и способноста на нивните менаџерски тимови да испреговараат што е можно подобри услови. Тоа во прв ред е првичната причина поради којашто странските инвеститори и го најавуваат своето заминување од земјата.

Врпочем на тоа предупреди и во неделата поранешниот премиер Никола Груевски, истакнувајќи дека декласифицирањето на субвенциите за странските компании ќе нанесе огромна штета и ќе ја уништи конкурентноста на македонската држава во привлекувањето надворешни инвестиции. Посебно имајќи предвид дека сите земји во нашето опкружување најмногу напори вложуваат токму во создавњето модели за привлекувњето на странските инвестиции што безусловно претпоставува и давање субвенции по некоја основа.

Со оваа нова одлука Владата ја урива конкурентоста на државата во однос на другите соседни и регионални држави кои исто се натпреваруваат за инвестиции. Секоја земја прави напори и води преговори со инвеститорите во тој правец. Тоа го прават и Србија, Бугарија, Романија, Чешка, Унгарија, но и одредени држави во САД и други развиени земји кога сакаат да привлечат голем работодавач. Компаниите кои доаѓаат не посакуваат јавно објавување на нивните договори и приходи по основа на субвенции, а тоа не ѝ одговара ниту на државата. Прво затоа што се откриваат позициите пред другите земји конкуренти, бидејќи најчесто за еден инвеститор во процесот на одлука се натпреваруваат најмалку пет-шест држави, а некогаш и повеќе, со различни понуди кои најчесто не се објавуваат, појасни Груевски.

Исто така, предупреди дека субвенциите не треба да се објават и затоа што секој следен инвеститор ќе бара најмалку иста субвенција од оној кој добил најголема, што не е добро и ја става државата во подредена улога.

Разбирливо е и дека секоја држава ќе има различна понуда за бенефити за одредена компанија, во завиност од нејзиното реноме како и од обемот на планираните вложувања, што секогаш претпоставува отворање поголем број работни места, како и подготвеноста да соработува со домашниот сектор.

Затоа не зачудуваат сегашните најави на две компани од автомобилската индустрија кои потекнуваат надвор од Европа, како и на третатата компанија која е од технолошкиот сектор и е со европски капитал. Тие се дисперзирани во Скопје и во градови во внатрешноста со што станува многу верјотно дека над 2.000 илјади луѓе ќе останат без работа.

Покрај овие три компании кои се пред одлука за затворање на капацитетите, она што е познато дека и голем број други компании се откажале од разговори со Владата за идно инвестирање. Една американска компанија според информациите во медиумите донела дефинитивна одлука да прекине разговори со владата на Заев, и својата инвестиција да ја пренасочи кон Србија. Се работи за инвестиција која во Македонија ќе обезбедеше 1.500 вработувања.

За тоа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната прес-конференција истакна дека СДСМ се откажува од речиси шеесетина странски компании со кои владата на ВМРО-ДПМНЕ била во финална фаза на преговори, коишто доколку би се реализирале би создале 25.000 нови работни места.

Владиниот тим беше во комуникација со неколку стотици компании за нивно инвестирање во Македонија, но во сериозна и многу длабока фаза на разговори бевме со речиси 60-ина компании кои доколку не бидат попречени или на кој и да е начин одвратени, особено преку овие новини кои ги најави Владата и севкупно со новиот однос и пристап, овие инвеститори ќе донесат потенцијално над 25.000 нови директни вработувања. Секако и голем број индиректни работни места, рече Груевски.

Меѓутоа, имајќи ги предвид и последните статистички податоци кои говорат дека во јули во однос на јуни е забележан пад од 2,2 отсто на индустриското производство и тоа доаѓа последователно и со намалувањето на просечната плата во Македонија за 0,7 отсто за истиот период, експертите предупредуваат дека Владата се соочува со сериозни ризици за економско назадување. Тоа, во прв ред, укажува на тоа дека актуелната Влада освен што во овој период е силно дефокусирана од економијата, со своите мерки покажува и дека нема никаков интерес да ги продолжи добрите трендови од претходните години во оваа сфера. Тоа, во прв ред, значи создавање нови работни места, а за што е неопходно во земјата да се донесат нови инвестироти и да се задржат постојните и нивно поттикнување да се остварат подобри економски резултати.

Се поставува прашањето дали е само случајност што споменатиот период од криминалната транзиција кога беа затворени над 700 фабрики меѓу кои и исклучително зналителни стопански субјекти поради што без работа останаа над 200.000 работници, и сегашното најавување на ревизија на поддршката за странските инвестиции кои несомнено придонесоа за постепено заживување на домашната економија и намалување на рекордните стапки на невработеност, се во време кога на власт е СДСМ?!

Односно, станува ли збор дека Владата на Зоран Заев само пласира популистички најави дека ќе застане зад домашните компании, некои од нив големи поддржувачи на кампањата на неговата партија а и самите уживатели на бенефити за вложувања во соседството. Или, пак, во прашање ќе биде префирирање на одредени бизнисмени блиски на СДСМ и создавање пандан на постранзициската олигархија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.