Странците полека но сигурно си заминуваат од Металург

Според информациите од клубот, Станиќ и Коциќ веќе си заминаа, а на добар пат да го направат истото се и останатите “странци” во клубот.

Липовина, Атман и Циндриќ веќе се видени во просториите на РФМ, каде најверојатно ја барале потребната документација за напуштање на клубот, а се очекува најдоцна до крајот на денов нивното барање за раскин на договорот да се официјализира, со што ќе им се отвори вратата во потрага по нов клуб.

Останува да се види како ваквиот развој на настаните ќе влијае на состанокот меѓу Минчо Јорданов и ракометарите, на кој се очекува да бидат надминати проблемите и состојбата во македонскиот клуб да се нормализира. Иако заминувањето на странските ракометари значително ќе влијае на играта на Металург, сепак позитивно е тоа што шанса сигурно ќе добијат големите таленти на македонскиот ракомет, Талески и Неловски.