Странците во Русија во 2019 година сториле околу 19.000 кривични дела

Руското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека од почетокот на годината странските државјани сториле речиси 19.000 кривични дела во земјата.

„Странските државјани и поединци без државјанство сториле 18.700 кривични дела во Русија , вклучувајќи ги тука 16.500 кривични дела кои ги сториле државјани на земјите членки на Заедницата на независни држави. Тоа се девет отсто помалку отколку во периодот од јануари до јуни 2018 година“, соопшти министерството.

Исто така, се наведува во соопштението, бројот на кривични дела против странци во Русија нараснал на 8.000, што е за седум отсто повеќе во однос на истиот период лани, пренесува Тасс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.