Странска државјанка во струшко физички нападната од едно лице, кое се обидело да изврши обљуба и ѝ одзело накит

На 10.08.2022 околу 09.30 часот во СВР Охрид, 45-годишна странска државјанка со престој во струшко село пријавила дека на патот од с.Ложани до с.Биџево, струшко, била физички нападната од едно лице, кое се обидело да изврши обљуба и ѝ одзело накит.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.