Страотна сообраќајка кај Ќафасан: Две жртви и повеќе повредени патници

Две лица загинаа, четворица се во кома и 13 се полесно повредени во собраќајната несреќа што се случи на патниот правец Прењас-граничен премин Ќафасан, пренесува „Република“.

Комби возилото кое превезувало албански државјанки во Струга, најпрво се удрило во електричен столб, по што завршило во канал. Повредените биле пренесени во болницата во Ливбражд по што четворицата тешко повредени се префрлени во Тирана. Загинатите патнички се на возраст од 25 и 65 години.

Во комби возилото биле 25 патнички, кои во Струга планирале да останат неколку дена за да го одбележат осми март.

Според првичните сознанија возачот избегнал директен судар со друго возило но, ја изгубил контролата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.