Четириесет и четиригодишниот Фљамур Р., на католички Божиќ ги убил двата сина на 11 и 13 години, се обидел да ја убие сопругата, а потоа самиот си пресудил. Страшното злосторство се случило на периферијата на Хамбург, во Клајнер Глиндер Берг во Германија, а медиумите пишуваат дека се работи за албанско семејство кое живеело таму.
Инцидентот се случил вечерта околу 23 часот. Непосредно пред тоа, очевидци слушнале истрели во куќата и ја алармирале полицијата.
Кога дошла полицијата, децата кои биле застрелани во главата биле без свест. Неколку метри подалеку лежел самиот Фламур, таткото на момчињата. Оружјето од кое се извршени убиствата било покрај неговото тело, пренесува германски Фокус.
Неговата сопруга Адвија Р. (38) и мајка на момчињата, е тешко повредена и се наоѓа во болница. Таа била свесна по пристигнувањето во полицијата, но без можност да даде никакви информации, а како што пренесува медиумот, прашала само за своите деца.
Обвинителството покрена истрага и ги анализира сите докази од местото на злосторството.