Страшна сообраќајна несреќа во Чаир

Дваесет и петгодишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на крстосницата на улиците „Џон Кенеди“ и „Благоја Паровиќ“ во Чаир.

Во несреќата учествувале мотоцикл „Хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.И.(25) од Скопје и автомобил „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ч.Ф.(54) од Скопје и паркиран автомобил „Фолксваген Туран“ со скопски регистарски ознаки.

Во незгодата, мотоциклистот С.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница „СВ.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.