Стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е да имаме сопствени производни капацитети за развој на енергетиката, рече Антовски

Стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е да имаме сопствени производни капацитети. За тие да функционираат нас ни треба да имаме рудници за јаглен, да ги користиме оптимално постојните рудници за јаглен, и да отвориме нови рудници кои што ќе ни помогнат во ситуации како што е оваа енергетска криза, истакна Стевче Антовски, член на комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ во емисија на телевизија 24.

Антовски додаде дека треба да се залага за отворање на нови производствени капацитети, меѓутоа власта на СДСМ има една усвоена стратегија за развој на енергетиката каде што планира РЕК Битола да го затвори, да не функционира.

-Власта има стратегија, план за развој на енергетиката каде што нашите производствени капацитети нема да работат, станува збор за РЕК Битола, ќе биде затворен и нема да функционира. Но проблемот се појавува тука Македонија нема замена за РЕК Битола. А, тоа власта не го осмислила, заклучи Антовски.

Антовски посочи дека власта крена раце од РЕК Битола затоа често има хаварии и дефекти таму.

-Од власта немаат направено ниту еден производствен капацитет. За овие пет години нема ниту еден киловат час од некоја централа која што е изградена за овие пет години додека СДСМ е на власт, појасни Антовски.

Антовски рече дека власта нема започнато ниту еден проект во областа на енергетиката.