Стратешки маркетинг e од значење за повеќе професии

Стратешкиот маркетинг е едно од полињата кое експертите го издвојуваат како најперспективно и најдивергентно во своите ефекти. Причина за тоа е што знаењата стекнати по стратешки маркетинг покрај тоа што нудат технички вештини, уште и ги стимулираат критичките и аналитичките погледи врз темата.

Веќе втора година по ред Академија за Менаџери организира викенд предавања за постдипломски студии на повеќе насоки меѓу кои и Стратешки маркетинг.

 „На посетителите на програмата овозможено им е да учат од наставен материјал со високи стандарди, а дополнително им се дава можност да научат како брзо, соодветно и прецизно да се справуваат во дадени ситуации. Знаењето што веќе го поседуваат заедно со експертизата на академците, овозможуваат искуство коешто со сигурност го трасира патот во иднината – преку разбирање на конкурентноста, вредноста на одржливоста, разновидноста и идентификацијата на можности, се во функција на етичноста и социјално одговорни чекори“, вели Д-р Димитрис Николаидис, директор на оделот за Бизнис администрација и економија, професор на СИТИ Колеџ, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд.