Стратум, кој доби пари од Фондот за иновации, сега мести анкети за СДСМ

Битката со анкетите продолжува и власта особено покажува дека е подготвена „да одговори“ на секое испитување на расположението на гласачите кое ќе покаже предност на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, па СДСМ мора да ги ангажира дури и компаниите кои изминатите три години ги финансира од државните фондови, како што е денеска случајот со „Стратум Рид“

Се чини особено тешко им падна на задолжените за пропагандата и кампањата на коалицијата СДСМ/БЕСА истражувањето што го спроведе реномираната американска анкетната куќа McLaughlin, која изработува истраживања и за американскиот претседател Доналд Трамп и за израелската влада, а која покажа дека ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство во пет од шесте изборни единици. СДСМ која имаше претходно водство во анкетата НДИ која остана неодговорена и покрај недостигот од над 6 отсто од гласовите, одговори со во најмала рака проблематично истражува на Брима Галуп од пред еден месец, а ден откако две анкети, на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) и на Институтот БИПС (за истражување во областа на безбедноста и демократизацијата на човековите права и слободи), покажаа повторно водство на ВМРО-ДПМНЕ, беше активирано теелфонско истражување на „Стратум Р&Д“. И секака, на оваа анкета води коалицијата СДСМ/БЕСА.

Додуша, е во „благо“ водство од 2 отсто. Но како своевидно оградување во образложението се посочува дека „Овие избори ќе се одржат во најкомплицирана состојба од аспект на психосоцијална и економска состојба на бирачите. Таа комплицирана состојба се рефлектира и во расположенијата на граѓаните кон сите теми“. Со тоа се толкуваат разликите од дури 5 отсто во некои сродни прашања во анкетата, а кои според логиката би требало да имаат барем приближни вредности,

Кога изборите првично беа распишани за 12-ти април, оваа агенција повторно се јави како „билдер“ на анкетите во полза на Заев. Тогаш медиумската групацијата „Клип медија“, во соработка со Институтот за истражување и развој „Стратум R&D“, спроведе истражувачки проект за ставовите и перцепцијата на граѓаните и според нивните мерења објавија дека граѓаните сметаат дека Зоран Заев ќе биде премиер по изборите на 12-ти април.

Меѓутоа, повеќе од јасно е дека ако некому му одговора СДСМ и Зоран Заев да останат на власт, тогаш е овој институт кој ја спровел анкетата. Оваа компанија има добиено значителен грант од Фондот за иновации и со самото тоа ја прави пристрасна во поглед на правење вакви анкети, кои во прв ред имаат цел да ги охрабрат гласачите на СДСМ и доколку можат да ја променат перцепцијата на јавноста од претходните истражувања кои покажуваат победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Уште во јули 2018 Фирмата „Стратум РиД ДООЕЛ Скопје“, чијшто сопственик, Весна Кузмановиќ, била предложена преку проект на УСАИД да им ги пишува предлог-проектите на фирмите до Фондот за иновации, добила грант откако претходно аплицирала на јавниот повик. Тогаш јавноста се праша дали станува збор за договори во четири очи и случај на незаконско испумпување на средства од државната каса.

Секако ваквите прашања останаа без официјални одговори. Па така, едноставно самиот од себе се изнудува впечатокот дека власта на Заев им дала пари, а тие како против услуга го бодрат во пресрет на изборите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.