Стравот е убиец на умот

Додека чекам да минат барем три дена од најновата вирална и масовна вознемиреност наречна „вадење органи“ како последовател на тродневното „исчезнување на луѓе“, а на кое му претходеше тродневната потера за терористи кои никој никогаш не ги најде ниту објасни, а пред тоа тродневната траорна атомсфера после трагичната сообраќајка, која пак дојде после тродневната анти-вакцерска на вирална општа загриженост околу квалитетот на вакцините, па да можеме малку реално да согледаме што навистина се случува.

Трите дена на Кондорот

Првите три дена не значат скоро ништо, таа хистерија и вознемиреност, оправдана или не, мора да се најде начин јавноста да добие релевантни факти, ако не сакате џигерот да ви го извадат подоцна. Затоа сите колумни, напишани во неделата на збиднувањето, ретко можат да имаат било каков ефект меѓу јавноста, но тоа е сладок период за зарботување лајкови, кликови, а подоцна за самоповикување кој и како бил во право. Нешто како сега некој да му тупи на Гатузо како треба да ја работи работата како тренер, оти тој знаел подобро од него, а тоа го докажува со тикетот на спортска каде се гледа дека го погодил резултатот и бројот на корнери!?! Релевантно, нели? Но, рекциите не се нови и замислени, сомнежите постојат и кога ќе се случи само излегуваат на површина. Не, не го смислил ова некој за да тера политичка агенда против овој-оној туку само експлозија на потиснати постоечки стравови.

Не карикирам, иако така е напишано, но не знам подобар начин како да допрам до вас, до рационалното, во вас, но пред се’ и во мене. Пред некој ден видов снимка – СКАНДАЛ – на погреб пееле и играле. Чекајте бре малку, па ова е подобро одошто очајот и паѓањето во несвест, кое во очајот на очајувањето знае и очајно да заврши. Како? Да скришиш глава, рака? Па, сум гледал погреби каде се фрлале и по сандакот спуштен во дупката. Очај – трагедија на падот на умот и срцето. Губењето рационалност е состојба која тешко се опишува кога силни емоции се во прашање во масовни хистерии. И двете страни апсолутно грешат и народот и институциите.

Но, како доаѓа до масовни хистерии?

Моето согледување е потполно лично, непрофесионално, аматерско и само резултат на лична обзервација низ мојата работа. Кога нема доволно податоци, а релевантните фактори немаат авториритет, а премногу ароганција – вие сте проста маса и ништо не знаете, ние знаеме и кога ќе кажеме така – така е и ако некој не се согласи со нас мамицата негова има да ја види по судови или казни – тогаш нивното препотено молчење и гледање со презир кон вознемирените како глупави и примитивни се пополнува со уште поголем отпор. И не, заканите нема да помогнат. А, какви се реакциите на јавноста после закани? Уште полоши, тогаш велат – нешто кријат, се закануваат оти се плашат, има нешто. Народ, луѓе, ако ги сакаш блиските, имаш емпатија, не треба да му се дереш, урлаш, закануваш … како традиционалното, паднал, се утепал, раскрварил, доаѓа дома уште кило ќотек. После психози и трауми? Секако! Плодовите на нашиот примитивизам. Вознемиран поединец или група се смирува со внимателност и фокусираност, со повикување на авторитети и наоѓање модуси како да се постапи и предочи. Секако, најдобар начин е уверливи и стручни лица да предочат факти, да дојдат на медиуми каде не се протежирани и таму да покажат храброст и решеност дека ја говорат вистината.

Но, ништо од тоа не се случува. Народот е вознемирен, одговорните со закани, штура изјава – закана ако не се придржуваш. Така е законот, но човечноста бара ангажман, освен мозокот да вклучиш и срцето, да се однесуваш грижливо, да оставиш впечаток дека навистина си професионалец, дека ги разбираш, дека знаш како им е и дека правиш се да ги расчистиш сомнежите.

Тоа е долг процес, одамна се изгубени довербата во институциите, а уште повеќе во луѓето кои ги водат. Баш да видам кого од десетиците иљади вознемирени по мрежите на интернет ќе ги дадете на суд или мислите дека шарените куртони со нивните следбеници со омаловажување и потсмев ќе делуваат врз остатокот и ќе ја смират јавноста?

Нема дом, родител, школо, иснтитуција, компанија, кафеана, јавно место каде не се говори за киднапирања, органи и слични хорор работи. Работите бегаат од контрола и никој не може да предвиди како ќе завршат. Дали им одговара ова на иснтитуциите? Страв, вознемиреност, па после две патроли и еден хеликоптер да се доживеат како спас од небото? Или едноставно толку ни е чергата? Навистина не знам, знам дека соп години бевме полигон на голем и тежок и долготраен експеримент на специјална војна за всадување потополно о нова матрица – и ако преживеете купувајте пуканки и гледајт екако нашето искуство се применува водруги земји.

Парпапсихолошки експеримент базиран врз Фројдовите тези за контрола на масите

Гледате, и јас малку од ракав да почнам, колку лесно се влегува во зона на теорија на заговори, но зошто? Купен сум? Ме контролираат? Телепатски? Не, штом има празен простор, вакум, тој се пополнува, а најчесто кога „шит хепенс“ празнината се полни со стравови. Борбата против стравот е најтешката и најголемата борба во универзумот, тоа е борба против себе, најсилниот можен непријател. Разговарајте меѓу себе, комуниицрајте, не стискајте во себе, се изгледа поинаку кога ќе изговорите, се е поинаку откако ќе споделите со некој добронамерен, дајте збор на утеха и бидете будни и фокусирани, како што животот налага. Кога сте во страв – не бидете сами, но само три дена, после исправете се и соочете се со реалноста и ќе најдете одговор како понатаму да делувате и се однесувате. И јас сум родител и моите блиски се загрижени, само со дружба, разговор со гледање во очи, сослушување и никако омаловажување, подсмев и закана се смируваме меѓу себе и наоѓаме начини како да се чувствуваме безбедни.

НЕ СМЕАМ ДА СЕ ПЛАШАМ. СТРАВОТ Е УБИЕЦ НА УМОТ. СТРАВОТ Е МАЛА СМРТ КОЈА ДОНЕСУВА ПОТПОЛНО УНИШТУВАЊЕ. СПРЕМНО ЌЕ СЕ СООЧАМ СО СТРАВОТ. ЌЕ МУ ДОЗВОЛАМ ДА ПОМИНЕ НИЗ МЕНЕ, А ОТКАКО ЌЕ ПОМИНЕ, СО МОЕТО ВНАТРЕШНО ОКО ЌЕ ГИ ПОГЛЕДНАМ ТРАГИТЕ КОИ ГИ ОСТАВИЛ. А, ТАМУ КАДЕ ШТО СТРАВОТ ПОМИНАЛ, НЕМА ДА ОСТАНЕ НИШТО, ЌЕ ОСТАНАМ САМО ЈАС

Од книгата ДИНА на Френк Херберт, молитвата против стравот, на редот на Бене Гесерит.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.