Стравот на Заев од Мицкоски го чини анкета од 33 милиони евра

Најновата анкета која ја пласиреше телевизијата Телма и МЦМС, а спроведена од агенцијата М-Проспект, ги усвити социјалните мрежи како реакција на апсурдните резулати, но и такви какви што беа, параметрите сепак го потврдуваат доминантното опозициско расположение кај граѓаните.

Ваквиот заклучок за проблематизирање на анкетата особено се однесува на резултатите од споменатото „истражување“, кога станува збор за личните рејтинзи на челниците на двете најголеми политички групации во земјата, премиерот Зоран Заев од владејачката СДСМ и лидерот на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Анкетата покажува поддршка под 20 проценти и разлика од само 0,5 отсто меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, односно прашани „Доколку утре се одржат избори за која политичка партија би гласале“ најмногу 18,6 отсто рекле дека би гласале за СДСМ, а 18,1 отсто за ВМРО-ДПМНЕ. Но реалноста се сокрива во високата бројка на вкупно 41 отсто од ткн „неодлучени“ гласачи и притоа на понудените прашања значителен број испитаници 23,8 отсто рекле дека „ќе го поништата гласачкото ливче/нема да излезат да гласаат“, а 17,5 проценти „одбиле да одговорат/не знам“. Анкетата покажува и дека ВМРО-ДПМНЕ се враќа со повисок рејтинг кај Македонците, наспроти намалената доверба на СДСМ кај избирачите Албанци, сега од само 3,7 отсто, а што беше еден од факторите на коишто социјалдемократите ги темелеа тврдењата дека се водечка партија.

Поради тоа, неодминливи беа коментарите дека станува збор за „исплата на новогодошниот подарок“ од владата за АД Макпетрол кој ќе ги чини македонските граѓани 33 милиони евра, оти на неа, разбирливо, мора да водат во анкетата нарачана од телевизијата Телма, којашто по некоја случајност е во целосна сопственост на споменатата енергетска компанија. И тоа е разбирливо, според вредносниот систем кој го протежира токму СДСМ деновите демонстриран со стотиците вработувања на партиските војници во државната и локалната управа.

Меѓутоа, исто така, сосема е разбирливо дека ваквите резултати треба барем во јавноста да го замаскираат стравот кај Заев од Мицкоски, кој многу јасно е најголема закана за власта. Откако пропаднаа обидите на СДСМ и неговата богато платена и метастазирана медиумска логистика да најдат соодветен за нив лидер на опозицијата. А не најдоа таква персона и, се чини, уште долго нема да најдат, во прв ред затоа што Заев не ќе може да покаже каков и да е успех во која и да е сфера, што беспредметно го прави искористувањето на нечии тајни или скриени амбиции да се преземе ВМРО-ДПМНЕ. Поради тоа, како и сознанијата дека довербата во Мицкоски расте меѓу гласачите, на Заев совршено би му одговарало Мицкоски да има низок рејтинг, што се чини му е испорачано во анкетата.

Но, и самиот Заев знае дека поддшката за Мицкоски кај гласачите е голема па оттаму и спротивно од реалноста, се наметна потребата да се фингира анкета којашто ќе покаже раст на неговиот рејтинг, наспроти пад на неговиот најголем опонент. Од друга страна, пак, интригантен е резултатот од истата анекета во кој СДСМ има речиси израмнет рејтинг во однос на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа се наметнува прашањето, дали не станува збор за класичен синдром на импровизираниот недугави пиар да гради култ на личноста од Заев, што реално ќе биде невозможна мисија имајќи го предвид „материјалот“?! И зашто СДСМ е на голема пресвртница и покрај последната драмолетка на Заев со наводниот „цврст“ стави во однос на условите поставени од Бугарија за да му ги остварат ветувањата со кои се чука в градите уште од 2015-та.

Јасно е дека кога и поранешниот лидер на СДСМ и човекот кој го спаси Заев од судски прогон и можно откривање на милионски криминал со што поранешниот струмички градоначалник ќе загубеше секакви политички перспективи, Бранко Црвенковски го замрзна членството во партијата, започнуваат дворските игри и внатрепартиски пазарења на влијателни членови а поддршката од независните гласачи е неповратно загубена. Па затоа мора да биде впрегне медиумската орда со нејзината веќе докажана практика на ширење лажни вести и хеперпродукција на Потемкинови села.

Настрана што тоа во крајна линија од лажно создадената перцепција по правило најмногу страда личноста за која таа се создава, се чини дека Заев и навистина верува дека рашираниот криминал рецесијата и ветото на македонските интеграции во ЕУ се навистина невидливи за граѓаните.

Иако сите истражувања на јавното мнение може да се толкуваат на различни начини и да се изведуваат заклучоци по потреба на интересентите, споменатата анеката многу јасно ја покажува нејзината цел. Затоа што резултатите воопшто не соодветствува со просечната оцена за првите сто дена од Владата на Заев. Имено средната оцена на граѓаните за работата на Владата во првите сто дена дена е 2,46, а на прашањето „Како ги оценувате 100 дена работа на Владата“ со најслабата оцена 1 ја оцениле и најмногу испитаници – 35,3 проценти, со 2 – 19,4 проценти, со 3 – 20,1 проценти, со 4 – 14,2 проценти и со 5 – 11 проценти од испитаниците.

Тоа воопшто не кореспондира со тврдењето во истата анкета дека првиот човек на оваа истата Влада, односно премиерот Заев, има највисок рејтинг меѓу политичарите, односно дури 11 отсто повеќе од Мицкоски, кој со своето дејствување, пак, успеал рејтингот на својата партија да го израмни со оној на владејачката партија и истовремено владата на Заев да добие убедлива најниска оцена од која и да е друга влада во нејзините први сто дена. Истото тоа го покажува и збирот на бројките кои како доверба ги добиле партиите од владејачката коалиција и од опозицијата при што зачудуваат новите рејтинзи на некои партии од коалицијата водена од СДСМ кои во моментов имаат поголем рејтинг отколку во периодот на предвремените јулски избори, каде иако минимална предност има опозицијата.

Крајниот понуден заклучок од нарачетилите на анкетата го проблематизираат и одговорите на прашањето „Колку сте согласни со Анекс на Договорот за добрососедство со Бугарија, за гаранции на немање територијални претензии и за немешање во внатрешни работи, без навлегување во други вклучително и национални и идентитетски прашања?“. Притоа увбедливо најбројни се испитаниците кои рекле дека воопшто не се согласуваат (43,6 отсто), а заедно со оние кои „донекаде“ не се согласуваат чинат мнозинство од граѓаните или 61,9 отсто. Целосно или донекаде со оваа идеја, пак, се согласуваат третина од испитаниците (33,5 отсто).

Поради сите овие бројки просто е невозможно да се сфати каде тоа Заев ја изградил „предноста“ пред Мицкоски. А оттаму произлегува и одговорот на прашањето зошто резултате презентирани од споменатата анкета наидоа на жестока реакција и потсмевање кај граѓаните и логичниот заклучок за фингирано истражвање/

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.