Стравот од губење на изборите и одговорноста што следува, предизвика хистерија кај Заев

Ако се суди по денешните синхониризари „опсервации“ на самопрогалсените независни и аналитичари, Зоран Заев и неговите социјалдемократија го открија лајтмотивот на нивната кампања за изборите на 12-ти април. И воопшто не се разликува по ништо од сите досегашни кампањи на СДСМ – мрачни сценарија ако тие не се на власт.

А за волја на вистината целиот „мрак“ за Македонија, и економски и национален и укинувањето унитарното општество, дојде токму во времето на владеењето на СДСМ.

„Како што наближуваат изборите, сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да заговара опасни идеи за укинување или поништување на Договорот од Преспа. Неодамна, во октомври 2019 година, Христијан Мицкоски за српски медиуми укажа дека ако имаат две третини мнозинство, ќе се отворела можноста за чекор назад по однос на договорот, а за македонските медиуми рече дека ќе го укинеле договорот од Преспа. Советничката на Мицкоски, Каракамишева отворено побара да се укинат амандманите во Уставо ,“, истакна вчера поранешниот премиер Зоран Заев на прес-конференција којашто, според ПР-стратегијата, требаше да биде доживеана драматично.

Заев изрази стравување дека изјавите на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе биле сфатени како провокација во Атина, и оти поништувањето на Договорот од Преспа ќе нанесела голема штета.

Заев всушност сака да ја убеди јавноста дека капитулантскиот договор од Преспа претставувал иднина, а иднината значи преговори со ЕУ, европски фондови, странски инвестиции, работни места, добри плати. Меѓутоа, токму тука лидерот на СДСМ стрела во сопствената нога, бидејќи преговорите за ЕУ не ги доби како што ги вети, а неизвесно е и дали ќе ги добие до изборите. Европски фондови, исто така, нема. Изостануваат и странските инвестиции, „новите“ работни места никој не може да ги види, ниту некому во земјава му се „здебели“ паричникот.

Меѓутоа, сведоци сме на сѐ посилно изразена и несокриена веќе корупција, рекетирање бизнисмени, дивеење на криминалните групи и нивна неказнивост, партизација на државата и засилено иселување на целото население и не само по возрасна структура. Токму овие нешта ја бришат иднината на секоја земја, па и на Македонија, а Заев како еден од главните протагонисти во нив поради тоа е оспеднат од стравот за изборен пораз.

Затоа Заев и треба да стравува, зашто секоја нова анкета му предочува каков е ставот на граѓаните и колкава е нивната разочараност пд него. Кога станува збор за промената на уставното име на Македонија по инсистирањето на Грција, дури 65 отсто од граѓаните се изјаснуваа против Договроот од Преспа, а од тоа повеќе од 84 отсто беа Македонци, во анкетата спроведена во најголемата кампања на власта за референдумот за промена на името.

Очигледно е дека на Заев му е многу јасно дека ја губи битката за освојување на македонското гласачко, па прави обид да го прошири своето влијание меѓу албанскиот дел од електоратот, За договорот со Грција, Албанците од почетокот даваа силна поддршка, а поради тоа е сфатливо дека делумно целта на вчерашната прес-конференција на Заев беше да ги мобилизира македонските Албанци заплашувајќи го со наводно прекинување на европаталнтските аспирации на земјата. Албанските гласови се тие кои Заев го донесоа на власт, па тој се “крсти“ дека и на претстојните избори ќе добие поддршка од албанското гласачко тело.

Но, Албанците во Македонија му даваа поддршка на Заев верувајќи во неговите ветувања. Ветувања за кои од оваа дистанца е сосема јасно дека претставувале  голема лага. Сега ноторна вистина е дека Албанците стануваат жртви на популизмот на Заев, и неговите ветувања за 300-те пилоти во Арачиново, водовод во Вејце или асфалт во кумановски. Па оттаму е принуден да ги мами уште еднаш да го поддржат со „бранењето“ на договорот со Грција. Така Преспанскиот договор станува новата Тиранска платформа на Заев во неговиот повторен обид да им се допадна на албанските гласачи.

 

Аналитичарите велат дека за Заев е затворена врата кај Македонците, па затоа сега се втри кон Албанците.

„Намерно создавање паника кај населението“

Историчарот Никола Грбов со кус осврт на прес-конференцијата на Заев:

1. Неверојатен фејк њуз директно од претседателот на вледачката СДСМ и тоа на прес конференција. Вели „Ако се укине или измени прспанскиот договор автоматски ќе бидеме исклучени од НАТО“. Ова не само што е тешка манипулација туку ова е и намерно создавање паника кај населението.

2. Понатаму вели „За преспанскиот договор се водеа преговори повеќе од 20 години…“. Ова е тешка манипулација со цел споделување на одговорноста со сите останати политички чинители кои во изминатите 20 години преговарале со Грција за спорот со името. Апсолутно никој, па дури и СДСМ додека беше на власт, не преговарал за одредбите од преспанскиот договор. Договор со такви одредби, доколку некој го прифател, ќе се потпишел многу порано, но никој не преговарал и не го прифатил она што Заев го прифатил.

3. На крајот вели „Доколку се укине или измени преспанскиот договор тоа ќе не врати 25 години назад“. Повторно манипулација, тоа ќе не врати во времето пред ти да дојдеш на власт и веднаш да прифатиш сѐ она што твоите претходници не го прифатиле и се бореле да не дојде до ова.

„Ајде да видиме што оствари овој муртински лажов“

Бизнисменот и активист Роберт Милески на својот Фејсбук профил сподели статус во кој пишува како Заев велел дека од Договорот од Преспа, Македонија ќе имало иднина.

Даштевски: Заев се додворува, спинува и подготвува позиција за кампања

КУРИР побара став од аналитичарот Александар Даштески, кој открива три цели кои Заев сакал да ги постигне со вчерашниот говор.

Пред се, Даштески се согласува дека со овие ставови екс-премиерот им се додворува на албанските гласачи во Македонија.

Втората цел која Заев сакал да ја постигне со вчерашната изјава, вели Даштевски за КУРИР,  е спинување и вртење на темата. Во време кога во земјава најголем скандал е високата корупција, екс-премиерот, смета аналитичарот, зборува за други работи за да ја сврти темата.  Заев не ја заврши работата која ја ветуваше и земјава не доби датум за преговори, па сега Заев одново ја промовира работата која не ја заврши.

И третата цел која Заев ја имал со вчерашниот говор, смета Даштевски, е подготовка на позиција пред изборите за тоа што ќе го говори во кампања. Тој, вели аналитичарот, сака да го исплаши народот.