Стравување дека принцот Хари е заразен со коронавирус – загриженост и за здравјето на Елизабета II

Британскиот принц Хари можеби бил изложен на коронавирусот во текот на неговиот последен престој во Британија, овој месец, пишуваат од Гардијан.

Хари на 6-ти март го отворил Центарот „Силверстоун експириенс“ со шампионот на Формула 1, Луис Хамилтон и се прегрнал со него.

Два дена пред тоа, Хамилтон бил на хуманитарен настан во Лондон со актерот Идрис Елба и сопругата на канадскиот премиер Џастин Трудо, кои потоа објавија дека се позитивни на коронавирусот.

Во меѓувреме објавено е дека британската кралица Елизабета II ќе замине од Лондон и ќе се премести во Виндор и ќе ја откаже традиционалната забава поради коронавирусот, соопштија од Бакингемската палата која што кралицата ќе ја напушти во текот на денешниов ден.

Кралицата дури одлучила да ја помести планираната историска посета на јапонскиот цар и неговата сопруга кои што требале да дојдат во Велика Британија на пролет.

Мерките за претпазливости ги презеле и војводата и војвотката од Сасекс, по сугестијата дека можеби принцот Хари е заразен од коронавирусот.

Елизабета II веќе ги откажа планираните настани во Чешир и Камден. Вработените во палатата велат дека досега не се сеќаваат на вакви настани во палатата во нивната историја.

Од Бакингемската палата навеле дека понатамошни соопштенија ќе се даваат со консултацијата со Владата. Меѓутоа, членовите на кралското семејство не коментирале дали Хари и Меган се во самоизолација во нивното моментално живеалиште во вилата на канадскиот остров Ванкувер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.