Стрептокока царува низ Македонија, но опасност од епидемија нема

Веќе неколку месеци, педијатрите алармираат на пораст на стрептококни инфекции кај предучилишни и училишни деца, но, од Институтот за јавно здравје смируваат дека засега нема услови за појава на епидемија. Сепак, од почетокот на годинава, во Македонија се регистрирани 248 инфекции со стрептококус пиогенес (Streptococcus pyogenes), но, ова се само пријавени случаи, што значи дека бројката е веројатно многу поголема. Најмногу пријавени лица заболени од шарлах имало во мај  (70 регистрирани случаи). Во јуни, бројката е намалена на 36 случаи инфицирани со стрептококус пиогенес.

Пред да заврши училишната година, речиси во сите скопски училишта се преполови бројот на децата, токму поради присуството на оваа бактерија, но, пред се’ поради неодговорноста на родителите, кои ги носеа децата во училиште или градинка под антибиотска терапија, без да информираат дека детето е болно. Откако надлежните во детските и образовните институции го вклучија  алармот за брзото ширеше на стрептококните инфекции, почнаа да се преземаат построги мерки за заштита на останатите деца.

„Стрептококната инфекција е редовна појава во затворени колективи особоено уцилиста и детски градинки, а децата се поосетливи на оваа бактерија во однос на возрасните. Најголем број на случаи се регистрирани во Скопје и тоа 160, Прилеп 37, Гостивар 22 и Битола 11, а во останатите Центри за јавно здравје регистрирани се само поединечни слуцаи“, вели прим. д-р Благоја Алексоски од Институтот за јавно здравје, кој посочи дека ова заболување во летните месеци се намалува, бидејкќи училиштата не работат, а во градинките е редуцирана посетата на децата.

Како што објаснува д-р.спец. Слаѓана Ристовска, од ПЗУ-Др.Ристовска , шарлахот е акутно заразно заболување,кое се јавува најчесто кај децата од претшколска и школска возраст, а најчесто во периодот од 4 до10 годишна возраст. Најчесто извор на зараза е заболено лице, или пак клицоносител на бактеријата.

„Ова е најчестиот начин на зараза каде резервоар на причинителот е човекот и болеста се шири по  т.н. аеро-капков пат, но заболувањето може да се пренесе и индиректно , преку контаминирани односно загадени предмети, прибор за јадење, алишта и слично. Предизвикувач на ова бактериско заболување е Стрептококус пиогенес група А, кој лаци егзотоксин кој предизвикува појава на осип по лицето и телото. Периодот на инкубација , трае од 6 до 10 дена, најцесто 3 до 5 дена .Потоа се појавува општа слабост, малаксаност , истоштеност на организмот. Набргу се јавува болка во грлото, отежнато голтање, појава на висока температура, треска“, вели д-р Ристовска.

Негативен брис не значи дека бактеријата не е присутна

Доколу постои сомнеж за појава на шарлах во училиштата или градинките, родителите најчесто децата ги носат на микробиолошки испитувања, но сепак, негативниот брис од нос и грло, не  ја исклучуваат можноста за присуство на стрептококата во организмот.

„.Со правилен третман шарлахот обично поминува без никакви последици,но клиничката слика може да биде различна кај секој организам поединечно. Кај некои пациенти оди со едвај приметлива клиничка слика ,а кај други со бурна симптоматологија, во смисол на висока температура, повраќање, болка во стомак, грло, јазикот има карактеристична боја на малина. Кај мали деца до три години,  два  до три дена од овие симптоми се јавува осип по телото, на вратот, трупот и екстремитетите. Најгуст е под пазувите, препоните, внатрешната страна на надколениците, а го нема на вратот дланките и табаните. Доколку настанат компликации, тие можат да бидат септични (нефритис, хепатитис, миокардитис), имунолошки (постстрептококен гломерулонефритис, ревматска треска со зафаќање на зглобовите и срцето), како и хематогено ширење на инфекцијата преку крвта до пооддалечените органи во телото. Доколку титарот на антистрептолизинските тела е покачен тоа е знак дека детето имало контакт со бактеријата и имунолошкиот систем реагирал одбранбено и треба да се повтори за неколку недели. Ако паѓа не треба да се реагира, а доколку расте треба да се почне со терапија“, објаснува д-р Иванка Ивановска.

Речиси и да нема родител што не се сретнал со стрептокно воспаление на грлото или со шарлах. Некогаш шарлахот бил тешка и неизлечива болест, проследена со тешки компликации што предизвикувале друри и доживотен инвалидитет. Но благодарение на антибиотиците и унапредување на животниот и хигиенскиот стандард , овие болести стануваат благи и минливи, речиси без никакви компликации.

„ Бидејки се работи за стрептококна инфекција, терапијата вклучува антибиотска терапија 10 дена, кај пациенти со манифестирана алергиска реакција кон пеницилински препарати се дава соодветна група на антибиотик. Лекувањето вклучува мирување, симптоматска и витаминска терапија“, вели д-р Ристовска.