Струја може да се произведува и од снег?!

Истражувачите на Универзитот Калифорија направиле уред кој прави струја од – снег. Апаратот е евтин, малечок, тенок и флексибилен како пластика.

Уредот може да работи во оддалечени подрачја бидејќи обезбедува сопствено напојување и нема потреба од батерии. Ова е многу паметна направа, метеоролошка станица која ви зборува колку снег паѓа, насоките на врнежи и насоките и брзината на ветерот вели истражувачот Ричард Кенер.

Научниците овој уред го нарекле „снежен трибоелектричен наногенератор“ или снежен ТЕНГ. Трибоeлектричниот наногенератор, кој генерира набој по пат на статички електрицитет, произведува енергија со размена на електрони.

Статистичкиот електрицитет се јавува по интеракција на еден материјал кој ги фаќа електроните и другиот кој ги ослободува. Ги разделите набоите и создавате струја суштински од ништо-објаснил Кенр, кој воедно е и професор по хемија и член на калифорнискиот Институт НаноСистеми на Универзитетот.

Снегот е позитивно наелектризиран и ослободува електрони , додека силиконот е негативно наелектризиран. Кога снегулките дојдат во допир со силиконската површина, се произведува набој кој го фаќа уредот , создавајќи струја.

Околу 30 отсто од Земјината површина се покриени со снег секоја зима, а во тој период соларните плочки не функционираат најдобро. Новиот уред би можел да се интегрира во соларни плочки и да обезбеди постојана залиха на струја кога паѓа снег. Исто така може да се користи за надгледување на зимски спортови поради унапредување на перформансите на спортистите а има потенцијал и за идентификување на главните шеми на движење во крос кантри скијањето кое не може да се детектира со паметен часовник.

Уредот може да праќа и сигнали кои говорат дали личноста се движи и дали таа оди, трча, скока, или маршира. Направен е со помош на 3Д печатење и има слој на силикон и електода за фаќање набој. Новиот апарат би можел исто така да доведе до нови генерации самонапојувачки направи за спортистите, пренесе Phys.org.