Струјата поскапува до 8 проценти

75

Новата цена на електричната енергија ќе се зголеми од 7,5 до 8 проценти, а евтината тарифа нема да се укине и граѓаните ќе можат да ја користат и во следниот период, објави „Сител“ повикувајќи се на неофицијални извори.

Според информациите на „Сител“, државните електрани побарале 10 проценти зголемување на цената на електирчната енергија, а преносниот систем МЕПСО пријавиле зголемени трошоци за околу 70 проценти.

Според некои информации, пак, цената на парното ќе се намали.

Одлуките за цената на електричната енергија и за парното греење за скопјани што ќе важат во текот на наредната година Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги донесе денеска.

Производната државна компанија ЕСМ лани годината ја завршила со добивка од 3,15 милиони евра. Преносната компанија МЕПСО 2019 година ја завршила со добивка од 7,25 милиони евра, а ЕВН Македонија (фирма мајка на ЕВН Хоме) ланската година ја завршила со профит од 34 милиони евра. Електродистрибиција (најголемиот оператор на дистрибутивниот систем и фирма ќерка на ЕВН Македонија) лани годината ја завршила со загуба од 7 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.