
„Овие шест години на Македонија и се случува енергетско цунами во негативна смисла на зборот. Единствено нешто кое што се случи е воведувањето на евтината тарифа дневна кога дојдоа на власт, но од тогаш натаму енергетиката ја задвижија во толку негативна насока да нам ќе ни требаат години и години да го стигнеме нивото и да ја доведеме нашата енергетика на во состојба во која што им ја оставивме“, истакна Елена Маркова Велинова, претседател на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина насловена „Политики за развој енергетскиот сектор“.
Маркова Велинова додаде дека прво од власта започнаа со погрешна енергетска стратегија сакајќи да се додворат дека се зелени и дека се грижат за екологијата, донесоа и усвоија стратегија во која 600 мегавати односно целиот капацитет од РЕК Битола ќе го затворат не водејќи сметка дека во меѓувреме нема да изградат ништо ново и ќе го изгубат домашното производство на електрична енергија.
„Згора на се постоечките капацитети беа подложни на не добро чување и одржување со секојдневни дефекти, со секојдневни проблеми за кои ние редовно алармиравме. Значи освен што не изградија ништо ново и постоечкото кое што им го оставивме не успеаја да го одржат во добра кондиција. Како доказ е на пример последниот поголем дефект во РЕК Битола со изгорениот трансформатор или последниот дефект со блок 3 во РЕК Битола кој што се уште не е во функција поради сомнителниот квалитет на увезениот јаглен“, рече таа.
Маркова Велинова нагласи дека состојбата во енергетиката е таква да на ВМРО-ДПМНЕ ќе им треба многу години да ја вратат на нормала.
„Се надеваме дека ќе успееме затоа што сепак ВМРО-ДПМНЕ е партија која што има и кадри, има и работници кои што нема така едноставно да се откажат“, рече Маркова Велинова.
Таа укажа дека Македонија навистина проблем со енергетиката, а за тоа сведочат и цените на електричната енергија. Посебно некаде од летото 2019-та до сега 2023 година слободно може да каже дека за домаќинствата цената е покачена 50%. А, сега на почетокот од јули се спрема ново цунами иако од власта се обидуваат да го замаскираат со воведување на евтина тарифа.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.