Струга ја прекина серијата без пораз на Вардар

15

Фудбалерите на Струга Трим Лум во саботата во рамките од 14-то коло од Првата македонска фудбалска лига го совладаа водечкиот Вардар со 2:1, нанесувајќи му го на најтрофејниот македонско клуб првиот пораз по дванаесет првенствени натпревари.

Стружани одиграа борбено во првото полувреме и умешно ги оскористи промашувањата на гостите. Во водство во 25 минута ги донесе Христијанм а в опоследните моменти од првиот дел на 2:0 зголеми Арбен Тафе. „Црвено-црните“ намалија од пенал што го реализираше Дарко Мицевски во 80 минута. Тоа е прв пораз на Вардар по 12 натпревари, а тимот остана и без тренерот Александар Васоски кој беше исклучен поради реакции кон судиите.

Вардарци остануваат лидери со 30 бода, четири повеќе од Академија Пандев. На третата позиција се проби Силекс со 21 бод.

Ренова и Академија Пандев ремизираа (1:1) во Тетово. Сашко Пандев донесе предност за гостите уште во 8 минута, но домашните израмнија со голот на Илирид Адеми во 74 минута од дуелот.

Борец и Македонија ЃП во Велес исто така ги поделија бодовите играјќи :-1. Боби Божиновски во 28 минута ги доведе гостите во водство, а на самиот истек на првото полувреме израмни Никола Прелчец.

Силекс го совлада Шкупи со 1:0. Стрелец на победничкиот гол за кратовци беше Милош Жеравица уште во третата минута од мечот. Со ова Силекс го продолжи одличниот ефект на домашен терен оваа сезона.

Утре колото ќе го комплетираат Работнички и Шкендија со дуелот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

 

Прва лига, 14-ти коло

РЕЗУЛТАТИ

Струга Трим Лум – В“ 2-1

Ренова – Академија Пандев 1-1

Борец – Македонија ЃП 1-1

Силекс – Шкупи 1-0

Во недела се игра дерби мечот меѓу Работнички и Шкендија

Табела: Вардар 30, Академија Пандев 26, Силекс 21, Шкендија 18 (-1), Шкупи 18, Македонија ЃП 18, Струга ТЛ 18, Ренова 15, Борец 15, Работнички 11 (-1).

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.