Струга бара да се пролонгира почетокот на учебната година, здравствената состојба е полоша од лани

Општина Струга бара од Влада, Министерство за образование и наука, Министерство за здравство и Комисија за заразни болести  да се пролонгира почетокот на учебната година во оваа општина.

Советот на општината, како што е објавено на нејзината  фејсбук страна, оценил дека состојбата е полоша од претходната година и  заклучил дека  е потребно почетокот на учебната година да се одложи 20 дена односно наместо да почне  на 1 септември да започне на 20 септември.

– Од тие причини, поврзани со епидемиолошката состојба во Струга, а и моменталните организациски услови во училиштата, при што доколку би имало настава учениците би биле во постојан контакт, особено на големите одмори каде заеднички се дружат, купуваат храна и го користат транспортот оние ученици кои патуваат од руралните средини што би било од негативно значење за нивното и здравјато на наставниот кадар – е наведено на фејсбук-профилот на Општина Струга.

Од Општината додаваат дека според добиените информации од надлежните на секое наредно дневно тестирање, каде обично се прават 100 до 120 тестови дневно, секој четврти резултат е позитивен на ковид 19, а денеска a се хоспитализирани 35 лица во Општа болница Струга, седум во Завод за нефрологија, а во Здравствениот дом во Вевчани 120 лица се на нега во домашни услови, додека во Струга 70 на домашна нега се 70 лица.