Струга: Побарал да му покаже како изгледаат 8.500 евра и му ги грабнал

43

МВР Стругаподнесе кривична пријава против педесет и шестгодишен од струшкото село Лабуништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.

Тој, во текот на јули 2020 во Струга пресретнал 76 – годишен стружанец и му побарал, ако има, да му покаже како изгледаат евра. Оштетениот извадил од џебот 8500 евра, кои претходно ги подигнал од банкарска сметка и му ги покажал, по што пријавениот насилно му ги одзел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.