Струмица плаќа двојно поскап гас, тоа е показател за фијаското на заевизмот во енергетиката

Македонија е во тешка енергетска криза заради неспособноста и неодговорноста на заевизмот. Бидејќи заевизмот пет години потроши на корупција и криминал и не успеа да ја гасифицира Македонија, денес граѓаните на Струмица плаќаат двојно поскап гас. Не е доволно што Струмица е град со најзагаден воздух неколку денови, па уште и неуспешната гасификација на Заев сега граѓаните ќе ја плаќаат по двојно поскапа цена. Очигледно бизнис интересите на заевизмот се поважни од стандардот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Дополнително, додека сите сериозни држави во текот на летото и есента преговараа и договорија поевтин гас за граѓаните, Заев и заевизмот беа зафатени со партиските интереси. Ете затоа струмичани сега плаќаат скоро 100% поскап гас.

Поскапениот гас за граѓаните во Струмица е целосен показател на фијаското наречено заевизам, додаваат од партијата.