Струмичани незадоволни од Заев – дупки, руинирани објекти, купишта со ѓубре

Струмичани незадоволни од Заев - дупки, руинирани објекти, купишта со ѓубре

Незадоволни граѓани од негрижата на општинската администрација и градоначалникот, Зоран Заев, на плоштадот поставија слики со не така убави глетки од Струмица. На сликите може да се видат руинирани објекти, несредени детски игралишта, улици со големи дупки, купишта со ѓубре…

Струмичани се едногласни  дека секојдневно се сведоци на негрижата и несовесниот однос кој градоначалникот Заев ги покажува за нивната општина, пишува Курир.

strumica-zaev-sostojba1

– Со секој изминат ден се влошува и онака лошата состојба во која се наоѓаат инфраструктурите објекти во Струмица и околните места. Хигиената на јавните површини во општината веќе е под секаков технички минимум и е алармантна, диви депонии за смет никнуваат на секој ќош, дури и улиците во центарот на градот се ископани до непрепознатливост. Кал, ископани и неасфалтирани улици, диви депонии кои претставуваат потенцијален извор на заразни болести, ненавремено исчистени контејнери со смет- тоа се обележјата на нашата општина која нашиот градоначалник не може да ги примети оти едноставно не му се приоритет. Затоа од ова место го повикуваме да ја спаси Струмица од него самиот и да си поднесе оставка. Нека распише предвремени локални избори оваа есен, изјави Ана Ангелова.

strumica-zaev-sostojba2

Струмичани потенцираат дека крајно време е Струмица да добие градоначалник кој ќе се грижи за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

strumica-zaev-sostojba3

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.